Поради изјавите на Макрон и Трамп, паѓа имиџот на НАТО во очите на граѓаните

Сликата на НАТО во јавноста на САД и Франција значително е нарушена откако претседателите на тие земји во минатите години ја доведоа во прашање вредноста на западната воена алијанса.

Врз нарушувањето на имиџот влијаело она што го кажаа претседателите Доналд Трамп и Емануел Макрон, врз основа на резултатите на истражувањето на американската агенција Пју рисрч сентер.

Во анализата се наведува дека позитивната оценка за НАТО во САД минатата година паднала на 52 отсто, од 64 отсто, колку што била во 2018 година.

Во Франција, чиј претседател минатата година изјави дека НАТО доживеа мозочна смрт, за Алијансата минатата година позитивно мислење имале 49 отсто од анкетираните, додека во 2017 година биле 60 отсто, а за 2018 податоците сѐ уште не се достапни.

Функционерите на НАТО веќе подолго стравуваат дека Трамповата слика за Алијансата во криза може да ја наруши поддршката од јавноста во САД. Во студијата се напоменува дека поддршката на Алијансата опаднала и во некои други земји, вклучувајќи ја Германија, во која поддршката во 2019 паднала на 57 отсто од 63 отсто, колку што била во 2018.

Во Британија, каде НАТО добива на значење, иако повеќе симболично, имајќи го предвид излегувањето на земјата од ЕУ, ситуацијата е спротивна, па поддршката на Алијансата во минатата година пораснала на 65 отсто од 62 отсто во 2017.

Студијата во целост покажува дека 53 отсто од луѓето во 16 земји членки на НАТО имаат позитивно мислење за НАТО, додека помалку од третина изразуваат негативен став. Најдобро мислење за Алијансата имаат Полјаците, додека воениот пакт е најмалку ценет во Турција.

НАТО, кој е формиран во 1949 година како противтежа на Советскиот Сојуз, зависи од американската воена супериорност.

Иако коментарите на Макрон ги вџашија останатите лидери на членките на НАТО пред декемврискиот самит во Лондон, Трамп од стапувањето на должност во 2017 година ги напаѓа сојузниците дека премалку издвојуваат од своите буџети за одбраната.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе