Помалку од четвртина Американци знаат да го најдат Иран на картата на светот

Иако САД се на раб на војна со Иран, едвај нешто помалку од четвртина Американци знаат каде се наоѓа државата во која живеат 81 милион луѓе.

Само 23 отсто од 1.995 анкетирани правилно ја сместиле Исламска Република Иран меѓу Ирак и Авганистан. Процентот малку се подобрил кога требало да го најдат Иран на карта која го прикажува само Блискиот Исток.

Тогаш точно одговориле 28 отсто од анкетираните, покажуваат резултатите од анкетата која ја спровеле Морнинг консалт и Политико.

Многу повеќе анкетирани го поддржуваат отколку што се против контроверзниот воздушен напад во кој минатата недела во Багдад беше убиен иранскиот генерал Касем Сулејмани.

Резултатите од анкетата покажуваат дека 47 отсто го поддржуваат убиството, додека против се 40 отсто. Нападот го поддржале 85 отсто од анкетираните републиканци и 70 отсто од демократите.

Иран на убиството на Сулејмани одговори со ракетирање на американски бази во Ирак.

Анкетата била спроведена пред иранскиот контранапад. Мажите двојно подобро ги препознавале иранските граници од жените.

Нешто помалку од половина од анкетираните навеле дека слушнале „многу“ за убиството на Сулејмани.

Американскиот напад на 3 јануари не влијаел врз поддршката за американскиот претседател Доналд Трамп, покажува посебна анкета на Морнинг консалт.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе