Полска аналитичарка: Србија се претвори во театар на Вучиќ, европските лидери не ги интересира вртењето кон авторитарна власт

Европската Унија би можела да ја убеди Србија да спроведе демократски реформи кога би ѝ дала реална перспектива за членство, меѓутоа, бидејќи Брисел не гледа во слабата српска опозиција никаква реална алтернатива за владата на Српската напредна партија и претседателот Александар Вучиќ ЕУ е заинтересирана за статус кво со Србија, оценува полската аналитичарка Марта Шпала.

EPA-EFE

„И обичните Срби како и власта се свесни дека перспективата за влегување во ЕУ е многу далечна. Александар Вучиќ тоа го користи јакнејќи ја својата власт. Унијата би можела да го убеди Белград да спроведе реформи кога би му дала реална перспектива или со примена на санкции, на пример индивидуални кон лицата од владата вмешани во корупција“, вели Шпала за полскиот дневник Газета виборча.

Иако според нејзините зборови Србија по изборите во неделата се претворила во театар на еден глумец, претседателот Вучиќ, кој моќно врти во правец на авторитарна власт одалечувајќи се од Западот кон Кина, европските лидери тоа не ги интересира. „Опозицијата е слаба и покрај тоа и компромитирана со своите претходни влади. ЕУ е заинтересирана за статус кво со Србија бидејќи не гледа реална алтернатива на владите на Вучиќ“, вели полската аналитичарка од полскиот Центар за источни студии.

Газета виборча потсетува дека на разочарување на српската опозиција пред изборите Вучиќ јавно го поддржа претседателот на Европската народна партија, поранешниот полски премиер Доналд Туск, а дека како ѓавол од крст од критикување на Вучиќ бега и еврокомесарот за проширување, Унгарецот Оливер Вархељи, додека унгарскиот премиер Виктор Орбан обвинуван за авторитарни тенденции е во совршени односи со Вучиќ.

Доналд Туск, како поранешен долгогодишен премиер на Полска, од сега опозициската Граѓанска платформа, не се воздржува инаку многу отворено и остро да ги критикува дури и поблагите авторитарни потези на еднопартиската влада на партијата Право и правда и нејзиниот шеф Јарослав Качињски.

„Српската опозиција немаше шанси имајќи ја предвид доминацијата на Александар Вучиќ и неговата партија во медиумите. Стопанството и граѓаните не брзаат финансиски да ја помогнат опозицијата кога чувствуваат дека тоа за нив може да значи проблеми. Како ефект на тоа српската политичка сцена стана театар на еден глумец“, вели Марта Шпала.

Газета виборча во анализата на неделните избори во Србија потсетува дека американски Фридом хаус во својот последен извештај Србија ја вброи во хибридните режими, односно државите во кои и понатаму се одржуваат слободни избори кои меѓутоа не се чесни, а во Србија на дело е силен клиентелистички модел, правосудство потчинето на властите со непостоење на слободни медиуми.

Полската аналитичарка предупредува и дека Вучиќ исто така внимава и да не го загрози никој од Српската напредна парија.

„Пред три години за премиерка ја именуваше Ана Брнабиќ која како декларирана лезбијка требаше да го поправи неговиот имиџ на Западот. Отепа две муви со еден удар. Поради својот пол и сексуалната ориентација Брнабиќ нема шанси да формира своја фракција во СНС и конкуренција на Вучиќ. Во многу мачо и хомофобната Србија таква политичарка не може да изгради силна независна позиција“, заклучува полската аналитичарка.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе