Политико: „Жолтите елеци“ се подарок за Макрон

Движењето „Жолти елеци’, создадено со цел да го тргне францускиот претседател Емануел Макрон од власта, всушност му е своевиден подарок, оценува Политико, бидејќи би можеле да му ги зголемат шансите да победи на претстојните европски избори.

„Наместо да ја пркинат власта на Емануел Макрон, што и беше идејата со која беа формирани, тие би можеле да го направат посилен“, се наведува во деталната анализа на бриселскиот портал.

Меѓутоа, не изгледаше така во декември, кога еден ден по насилните демонстрации во Париз, францускиот претседател ја проценуваше штетата на Триумфалната капија, која демонстрантите ја оштетија испишувајќи ја со своите пароли.

„Макрон имаше скаменет израз на лицето додека ги поздравуваше полицајците, а неколку демонстранти бараа да се повлече од претседателската позиција. Го напушти местото без изјава за јавноста. Штетата зборуваше сама за себе“, се наведува во текстот.

Тој дождлив ден, оценува Политико, изгледаше како најниската точка на мандатот на Макрон бидејќи овој лидер, кој некогаш ветуваше, претходно отпатува на самитот на Г20 во Буенос Аирес, за при враќањето да го најде најзначајниот споменик на Франција оштетен, исто како и десетици луксузни продавници срамнети со земја.

А тоа беше само почетокот – во следните денови популарноста на Макрон дополнително падна, група демонстранти во јужна Франција дури симулираа негово погубување на гиљотина, додека друга провали во министерство со виљушкари.

Со таква позадина, се наведува, стана модерно да се прогласува Макрон како политички феномен за „готов“, при што Фајненшал тајмс дури ги предупреди демократите дека ова е лекција која треба да ја научат, додека институтите за истражување на јавното мислење сурово го споредија Макрон со Франсоа Оланд, најнепопуларниот претседател во повоената историја на Франција. Сепак, сите воие пораки не земаа предвид неколку клучни неприкосновени ставки од францускиот политички живот.

Како прво, и покрај гневот насочен против него, Макрон не е присилен да ја напушти функцијата пред истекот на мандатот во 2022 година. Заштитен од институциите на Петтата Република, кои гарантираат безбедност пред сѐ, и фактот што неговата партија има апсолутно мнозинство во националното собрание, има три години да ги поправи нештата, што не е малку, оценува Политико.

На второ место се наведува можноста „Жолтите елеци“, кои немаат конкретен лидер, организација ли единствена агенда, да станат штетни за противниците на Макрон, и претседателот во тој случај, што е парадокс, да излезе како победник, што според Политико сега се случува.

Додека центристичката партија на Макрон Република во движење изгуби неколку поени во сценариото на „Жолтите елеци“, вистинските жртви се оние кои најгласно навиваа за антивладините демонстранти – Марин ле Пен и Жан Лук Меланшон.

Поради популарноста на „Жолтите елеци“ Ле Пен изгуби три и пол отсто од поддршката, а Меланшон процент и пол, додека на Макрон му остана поддршка од 22,5 отсто, оценува Политико истакнувајќи дека базата на Макрон е сѐ поотпорна на навредите на „Жолтите елеци“.

„На партијата на Макрон во интерес ѝ е „Жолтите елеци“ да се кандидираат за европските избори. Во овие околности, тоа е добра вест за нив“, објаснува Жан Даниел Леви, директор на политичкиот сектор на институтот за истражување на јавното мислење Харис интерактив.

Критичарите на претседателот, кои имаа симпатии кон насилните демонстранти, сега се вџашени – движењето кое најмногу сакаше да го наруши мандатот на Макрон, сега би можело да ги наруши оние исти партии за чија наклонетост најмногу се бореше.

„Воопшто не беше планот нештата вака да се развиваат“, констатира Политико.

Макрон од своја страна го искористи предизвикот од „Жолтите елеци“ како поттик да се обиде да го „оживее“ својот мандат со низа консултации во градските собранија и со „голема национална дебата“, полека зголемувајќи ја својата популарност меѓу граѓаните, заклучува Политико.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе