Политико: Западот сега има голем проблем како да го објасни Тачи

Обвинението за воени злосторства против косовскиот претседател Хашим Тачи го става Западот во тешка позиција, пишува денес бриселски Политико.

EPA-EFE

Во анализата се оценува дека обвинението ќе ги искомплицира напорите на ЕУ и САД да се постигне мировно решение за Косово и дека ќе ги отвори прашањата за соработката на Западот со Тачи.

Во опширната анализа за последиците на објавувањето на предлог обвинението против Тачи, Политико предвидува дека силните реакции кои тоа ги предизвика ќе имаат далеку поголем ефект од последиците по самиот Тачи, односно дека ќе одекнуваат по Балканот и пошироко и ќе се провлечат низ времето, поставувајќи незгодни прашања за надворешната политика на Западот „тогаш и сега“.

Порталот истакнува дека веста за обвинението се појави во време кога Тачи бил на пат кон Вашингтон, каде требаше да учествува на состанокот за новата ера на економски односи со Белград, чиј домаќин требаше да биде специјалниот претставник на американскиот претседател Ричард Гренел.

Во тој контекст се оценува дека тајмингот не можел да биде подраматичен и се истакнува дека од таборот на Тачи протекле обвинувања за заговор да се опструира средбата. Порталот предупредува дека обвиненијата против Тачи, сега, поприлично ги комплицираат напорите на ЕУ и САД за постигнување конечно мировно решение меѓу двете страни во, како што се наведува, нестабилното ќоше на Европа, во кое Русија, Кина, Турција и арапските земји од Персискиот Залив се натпреваруваат за влијание.

Политико смета дека на спецјалниот американски претставник за дијалогот на Белград и Приштина Гренел сега ќе му биде потешко својата мисија да ја претвори во голема надворешнополитичка победа за својот шеф во изборната година во САД.

Потсетува и дека Гренел првично објави дека преговорите ќе бидат одржани и дека Приштина, наместо Тачи, ќе ја претставува косовскиот премиер Авдулах Хоти, но истакнува дека Хоти го откажа учеството на состанокот.

„Некои во регионот, како и одделни европски дипломати, ќе бидат среќни ако напорите на Гренел пропаднат“, констатира Политико и додава дека тие стравуваат дека со забрзано постигнување договор меѓу Тачи и претседателот на Србија Александар Вучиќ би биле игнорирани основните прашања и дека тој би вклучил „опасна размена на територии“.

Се истакнува, меѓутоа, и дека одделни европски функционери во последните денови истакнуваа дека напорите на Гренел да ги врати двете страни на преговарачката маса за да разговараат за економијата би можеле да помогнат повторно да се придвижат политичките преговори под покровителство на ЕУ, кои се во застој.

Се наведува и дека активистите за човекови права се надеваат дека обвинението ќе покаже дека никој не може да помине неказнето и дека правдата за „страшните злосторства“ ќе биде задоволена.

Политико оценува дека влијанието на обвинението врз политичкиот пејсаж на Косово не е јасно и тврди дека, ако судот го потврди обвинението и Тачи замине на судење, тој нема да биде единствениот кој ќе биде испрашан. Во тој контекст, наведува дека Тачи беше клучниот партнер на Западот повеќе од две децении, потсетува на бомбардирањето на НАТо на Србија  истакнува дека западните сили продолжија тесно да соработуваат со Тачи, дури и кога се појавија обвинувања за него за сериозни кривични дела.

Порталот укажува на извештајот на Дик Марти во кој се наведува дека Тачи бил на чело на организираната криминална група „Дреница“, што Тачи го негираше.

Во тој извештај, наведува порталот, има обвинувања за убиства на Срби, на кои им биле вадени органи за да се продаваат на црниот пазар. Политико напоменува дека фактот што во извештајот на Марти пишувало дека се базира на информации на разни западни разузнувачки агенции ги поставило прашањата колку западните сили замижувале пред активностите на Тачи.

А тие прашања би можеле повторно да се појават доколку Тачи се соочи со судење, особено ако таквите разузнавачки извештаи се искористат како докази. Политико заклучува дека прашањето со кое западните функционери ќе бидат соочени му е познато барем на еден од оние кои требаше да бидат соговорници на Тачи во Белата куќа, а тоа е „Што знаеле и кога тоа го дознале?“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе