Политико: Заборавете го Шенген, добредојдовте назад во осумдесеттите

Европската зона на слободно движење претрпе удар среде пандемијата. Враќањето на Шенген на нозе ќе потрае, пишува Политико.

EPA/BRUNO BEBERT

Заборавете го Шенген. Добредојдовте назад во осумдесеттите. Европската зона на слободно патување, која ја сочинуваат 22 држави на ЕУ, плус Норвешка, Исланд, Швајцарија и Лихтенштајн дојде на „раб на смртта“ кога повеќето земји повторно ги вратија контролите на границите за да го успорат ширењето на коронавирусот.

Тоа е дозволено според правилата на Шенгенскиот договор, доколку е загрозена јавната политика или внатрешната безбедност. Сепак, нема индикации како да се врати слободното движење во живот, на укажа Европската комисија во пакетот усвоен денес, со издавање насоки на државите членки како да ги укинат внатрешните граници и ограничувањето на патувањата.

Прашањето е длабоко чувствително за државите како Грција, Италија и Шпанија, кои зависат од туризмот и важно им е за зачувување на економиите.

„Изгледа како временска машина во мрачното и далечно минато. Мораме да се вратиме во иднината, во нормалноста. И мораме да го направиме тоа што побрзо кога здравствената ситуација ќе ни дозволи“, кажа Илва Јохансон пред Европскиот парламент минатата недела.

Комисијата претстави пристап во два чекори. Прво, земјите со слична епидемиолошка ситуација би требало да ги укинат ограничувањата меѓу себе, обезбедувајќи понатамошно почитување на социјалното дистанцирање. Ова, на пример, би создало проблем за Грција во која доаѓаат британски туристи бидејќи коронавирусот далеку посилно ја погоди Британија. Дури во втората фаза би дошло до целосно отворање.

Некои земји се групираа. Литванија, Летонија и Естонија минатата недела договорија да се укинат забраните за патување и двонеделниот карантин за нивните граѓани од петок. Луѓето кои се враќаат од други земји и понатаму мораат во самоизолација. Балтичкиот балон би можел да се прошири и на Полска и Финска.

Франција и Британија договорија да им дозволат на патниците од Франција патување без последичен карантин.

На континентот рестрикциите на Белгија за ненужни прекугранични патувања станаа иритантни, пишува Политико. Парламентот на Бенелукс, составен од законодавците на белгија, Холандија и Луксембург работи на предлози за перспективата за отворање на границите меѓу трите држави.

Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен кажа во април дека Европејците ќе најдат паметни начини за летување оваа година и владите на ЕУ го следеа тоа со изобилство од најави. Грција работи на идејата да дозволи влегување на туристи со тестирање пред патувањето.

„Можат да влезат во авион само со негативен тест“, кажа премиерот Киријакос Мицотакис.

Сепак, не е научно утврдена точноста на таквите тестови или дали се создава имунитет на вирусот откако ќе се прележи, и СЗО во моментов советува против тој пристап.

Хрватите разговараат со Чесите за можноста за воздушен коридор кој би им овозможил на Чесите да летуваат во Хрватска.

Австриската министерка за туризам Елизабет Костингер, која во април кажа дека Австрија радо ќе ги прими Германците за празници, кажа дека е уверена дека позицијата на Австрија е добра и дека постепено и дозирано може да ги отвора границите.

Во Португалија националниот и меѓународниот туризам би требало да продолжи од јули. Но, засега, границата со Шпанија, каде епидемијата однесе повеќе од 2.600 животи, и понатаму е затворена.

Повторното отворање на Шенгенот е прашање на месеци, а не на недели, кажа комесарката Јохансон.

Легенда под Главна слика

EPA/BRUNO BEBERT

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе