Десет градови во Европа се загрижени

Политико: „Бум“ на туризмот во Европа, но не се радуваат сите

Во тек е нагло зголемување, односно „бум“ на туризмот во Европа, но не се сите среќни поради тоа, пишува Политико.

Така шпанскиот град Барселона се труди да ја ограничи изградбата на хотели, музејот Лувр во главниот град на Франција во мај годинава не работеше бидејќи прекумерната навала на посетители го совладала персоналот, а холандскиот град Амстердам почна кампања да ги спречи туристите на улиците да пијат и – уринираат.

Овие три града се меѓу десетте европски кои летоска во заедничко писмо изразија загриженост поради „експлозивниот раст“ на изнајмување на станови на туристите преку интернет платформите.

Загриженоста поради „прекумерниот туристички раст“ се зголемува, но жителите на ЕУ патуваат повеќе од кога било и на одмор и на викенд-патувања: повеќе од половината од граѓаните на ЕУ секоја година патуваат од задоволство.

Политико објави низа табели за европскиот туризам кои, меѓу другото, покажуваат дека по падот предизвикан од економската криза, бројот на ноќевања во туристички сместувања во ЕУ непрекинато расте: од 2009 до 2017 пораснал за 29,3 отсто.

По тоа малата Летонија е прва со скок од 189 отсто, а на второто место е Хрватска со пораст на бројот на ноќевања од 130 отсто во тој период. Повеќе други земји на ЕУ се на зналително помали, но исто така импресивни бројки: меѓу 30 и 50 отсто раст.

Шпанија и понатаму е „главното жариште“ на туризмот во ЕУ, пишува Политико, бидејќи во 2017 имала повеќе од 300 милиони регистрирани ноќевања. Следат Британија (279 милиони), Италија (210 милиони) и Франција (133 милиони), а зад неа се Грција, Австрија, Германија и Хрватска.

Меѓу жителите на ЕУ п својата земја најмногу патуваат Британците (476 милиони ноќевања на домашни гости), потоа Шпанците (471 милион) и Французите (433 милиони ноќевања на домашни гости).

Повторно гледано по бројот на ноќевања, најпопуларни дестинации на туристите од ЕУ се Канарските Острови (93 милиони ноќевања), хрватскиот брег на Јадранот (77 милиони), Балеарските Острови на Шпанија (64 милиони).

Најмногу во странство патуваат државјаните на територијално малите земји во ЕУ, што поради нивната големина не е чудно: на Луксембург (92 отсто од сите патувања), Малта (80 отсто), Кипар (76 отсто), Словенија (72 отсто).

Од односот на бројот на ноќевања и бројот на жители произлегува дека најголемото туристичко оптоварување во 2017 година било на Малта: дури 20.000 ноќевања на 1.000 жители. По тоа Хрватска е втора (19.300), Кипар е трет (18.600), а следат Австрија, Грција и Шпанија.

Од правилото „што повеќе домашно население, повеќе и туристи“ отскокнуваат Малта (девет милиони ноќевања на 460.000 жители) и Хрватска (80 милиони ноќевања на туристи а само четири милиони жители), а по тоа на дното се Романија (26 милиони ноќевања на 19 милиони жители) и Полска (83 милиони ноќевања на 38 милиони жители).

ЕУ вкупно нуди дури 31 милион „туристички кревети“, од кои третина се само во Франција и Италија.

Но, гледано на друг начин, по односот на своите „туристички кревети по жител“, на чело на ЕУ е Хрватска со 255 „туристички кревети“ на 1.000 жители, а по неа се Грција и Австрија.

По бројот на станови за дневен наем, Лондон е прв во ЕУ, бидејќи годинава таму имало регистрирано дури 77.000, преку интернет платформите. Париз по тоа е втор, а Рим трет.

Она што домаќините најмногу ги интересира е потрошувачката на туристите. Швеѓаните (6.219 евра годишно) и Данците (4.206 евра годишно) во 2017 биле најголемите трошачи во ЕУ. Швеѓанецот како турист трошел дури 17 пати повеќе од просечниот турист од Бугарија (364 евра) од дното на листата, пишува Политико.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе