Според српските медиуми

Поканата на Вучиќ на самитот на Вишеградската група е преседан и порака

Српските медиуми го истакнуваат значењето на поканата на претседателот на Чешка Милош Земан на претседателот на Србија Александар Вучиќ да учествува на самитот на Вишеградската група.

Блиц оценува дека поканата претставува „своевиден преседан“ и додава дека „иако по правило на овие состаноци не се зборува за теми за кои учесниците имаат дијаметрално различни ставови, Косово би можело да биде тема“.

Овој потег на чешкиот претседател има особено значење имајќи ја предвид неговата изјава при неодамнешната посета на Белград дека Чешка би можела да ја преиспита својата одлука за признавање на независноста на Косово.

„Покана за земја која не е членка на Вишехградската четворка (В4) е исклучок и со овој потег Земан поприлично ги изненади сите. Го направи тоа смислено за да ја покаже јасната определба на Вишеградската група кон Србија“, вели за весникот еден извор од дипломатски кругови, а како што наведува, тоа може да се сфати и како порака до Европската Унија.

Во изјавата за Политика Предраг Рајиќ од српскиот Центар за општествена стабилност истакнува дека Белград во надворешната политика преку Вишеградската група излегува од „југосферата“ и дека нејзиниот понатамошен пат кон ЕУ не води преку Хрватска, туку преку Унгарија.

Србија со ова покажува дека не е само балканска туку и средноевропска земја и дека „нашиот пат кон Брисел не треба да води преку Загреб, туку преку Будимпешта. Во нашата надворешна политика треба да се држиме до формулата што помалку Хрватска, а што повеќе Унгарија“, кажа Рајиќ, истакнувајќи дека со земјите од В4 Србија нема ниедно отворено прашање.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ престојува  во еднодневна посета на Чешка, каде учествува на самитот на Вишеградската група.

На самитот на В4 во Прага присуствуваат и претседателката на Словачка Зузана Чапутова, претседателот на Чешка Милош Земан, претседателот на Унгарија Јанош Адер, претседателот на Полска Анджеј Дуда и претседателот на Словенија Борут Пахор.

Вучиќ учествува на самитот на покана на чешкиот претседател Земан, кој пред две недели го посети Белград.

Србија така станa првата земја од западниот Балкан која е поканета на самит на Вишеградската четворка.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе