По масовните протести

Поглед во претседателската палата во Коломбо, сега преполна со Шриланчани (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Рашми Кавиндја вели дека никогаш не сонувала дека ќе влезе во официјалната резиденција на претседателот на Шри Ланка во Коломбо.

Еден ден откако огромните толпи насилно влегоа во една од најзаштитените згради во земјата, илјадници луѓе како Кавиндја се собраа да го видат широкиот комплекс.

Станува збор за импозантно парче архитектура од колонијален тип што содржи неколку чардаци, соби за состаноци и дневни области, базен и огромен тревник. Драматичните настани во саботата го принудија претседателот Готабаја Рајапакса да побегне.

Илјадници мажи, жени и деца се обидуваа да влезат во комплексот, а некои од организаторите на протестот ја контролираа толпата. Полицијата и специјалните трупи на Шри Ланка само стоеја во аголот и тивко ја следеа постапката.

Додека луѓето талкаа од соба во соба, сите сакаа да го овековечат моментот со правење селфи, пред бироата и сликите од тиково дрво и во просториите на дневната соба.

Скршени столови, скршени стакла од прозорците и саксии беа расфрлани околу некои делови од зградите, потсетувајќи на хаосот и конфузијата набргу откако толпата насилно влезе во комплексот.

Лидерите на протестот веќе рекоа дека нема да ги напуштат официјалните резиденции на претседателот Раџапакса и премиерот Ранил Викремесинге додека конечно не ја напуштат функцијата.

Фото: ЕПА

Објавено

Вторник, Јули 12, 2022 - 11:03

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе