Подмолно оружје што сее страв: од каде ѝ се на Русија дроновите-камикази со кои ја напаѓа Украина?

Оваа недела наводно беспилотни летала „камиказе“ од иранско производство нападнаа цели во близина на Киев. Иран негира дека ѝ испорачува вакви дронови на Русија. Што се знае досега за ова оружје на украинското бојно поле, пишува Дојче веле.

Фото: ЕПА

Тоа е подмолно оружје што сее страв. Во војната против Украина, Русија користи беспилотни летала што веројатно се од странско производство. Летаат со брзина од 200 километри на час и се толку гласни што се слушаат од далеку – многу пред да ја нападнат целта.

Една недела по тешките руски воздушни напади на 13 октомври, завчера, на 17 октомври, повторно се слушнаа експлозии во градот, пренесоа агенциите. Според градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, бил погоден градскиот кварт Шевченковски и биле оштетени неколку куќи.

Шефот на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, Андриј Јермак, на Телеграм објави дека нападите биле со таканаречени камикази беспилотни летала. „Русите мислат дека тоа ќе им помогне, но тоа само го покажува нивниот очај“, рече Јермак.

Дали „самоубиствените дронови“ се од Иран?

Штетата што може да ја предизвикаат беспилотните летала стана очигледна на 5 октомври, кога, според украински извори, руската војска првпат нападна цели во близина на главниот град Киев со беспилотни летала камикази од Иран.

Таа ноќ се слушнале шест експлозии, објави на Телеграм Олексиј Кулеба, гувернер на регионот Киев. Тој додаде дека вкупно 12 дронови дошле од југ за да ја уништат инфраструктурата.

Кон средината на септември, според сопствените тврдења, украинската армија го собори првото беспилотно летало со иранско потекло. Портпаролката на украинската армија Наталија Хумењук изјави дека оттогаш неколку десетици такви се регистрирани на југот на Украина и половина од нив се соборени. Таа наведува дека Одеса често е мета на напади со беспилотни летала, во кои гинат и цивили.

Пред неколку месеци се појави информација дека Иран ќе ѝ испорача воени дронови на Русија. Владата на Соединетите Американски Држави соопшти, повикувајќи се на информации од тајните служби, дека Русија сака да купи беспилотни летала од Иран за потребите на војната во Украина - пред сѐ затоа што веќе не може сама да произведува беспилотни летала бидејќи поради санкциите исклучително е отежната набавката на компоненти и резервни делови.

Според новинската агенција АФП, Русија набавила беспилотни летала Мухаџир-6. Леталото може да носи 40 килограми товар, достигнува брзина од 200 километри на час. АФП наведе дека е купен и „дронот-самоубиец“ Шахед-136, кој може да помине и 2.500 километри. Техеран официјално ја демантираше продажбата.

Колку се опасни дроновите?

Фото: ЕПА

Експертите сметаат дека беспилотните летала не се многу ефикасно оружје, без разлика што нивните смртоносни напади постојано се повторуваат. Џереми Бини, кој работи за аналитичката фирма „Џејнс“, изјави за АФП дека авионскиот систем често откажува бидејќи компонентите не се квалитетно произведени. Освен тоа, количеството на експлозив што го носат е „релативно мало“. Затоа беспилотните летала, според него, немаат големо влијание врз текот на војната.

За американското списание Политико, една украинска офицерка вели дека е фатално тоа што беспилотните летала многу тешко се откриваат со помош на радар, поради што нејзината единица изгубила два тенка со екипаж во близина на Херсон.

Портпаролката на украинската армија Хумењук вели дека беспилотните летала дополнително го зголемуваат „психолошкиот притисок“ врз населението. Заканувачката бучава што го придружува летот предизвикува страв кај луѓето, кои и онака се под стрес.

Турски дронови произведени во Украина?

Русија во текот на летото покажа интерес и за турските борбени беспилотни летала. Кон крајот на август, производителот на Бајрактар јасно кажа дека неговата компанија нема да ѝ испорачува дронови на Русија.

„Колку пари и да ни нудат, во оваа ситуација не доаѓа предвид да им ги препуштиме дроновите. Во моментов целосно ја поддржуваме украинската страна“, изјави за Би-би-си Халук Бајрактар, менаџер на турскиот производител.

Во моментов, украинската армија успешно го користи Бајрактар-ТБ2. Тој дрон е многу популарен во Украина, бидејќи придонесе за уништување на многу руски артилериски системи и оклопни возила. Турскиот производител наводно планира да изгради фабрика во Украина. Ова го соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски во почетокот на септември, по средбата со шефот на турскиот концерн.

Дронот е долг шест и пол метри, а распонот на крилата е 12 метри. Може да остане во воздух повеќе од 24 часа, а максималната брзина му е 220 километри на час. Експертите велат дека дронот е поевтин од сличните производи од западните конкурентски компании.

Израелски дронови?

Во почетокот на војната во Украина се шпекулираше за можна вмешаност на Израел во снабдувањето на Русија со беспилотни летала. Според израелскиот весник Тајмс, во март на социјалните мрежи кружеле снимки од делови од соборен руски дрон, кои наводно потекнуваат од израелски летачки објект.

На фотографиите, чија автентичност не е потврдена, се гледаат остатоци од извидувачки дрон, а потоа и натписот „Israel Aerospace Industries (IAI)“. Тоа е израелска компанија за воздушна и ракетна технологија. Меѓутоа, тој дрон се произведува во Русија според лиценца што Русија ја купи во Израел пред неколку години.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе