Подгответе се за десетици милиони климатски бегалци

Истражувачите создаваат модели за тоа каде луѓето ќе се селат кога ќе бидат погодени од климатските шокови, но засега може само да претпоставуваме.

Во 2006 година британскиот економист Николас Стерн предупреди дека една од најголемите опасности за климатските промени ќе биде масовната миграција. „Шоковите поврзани со климатските промени имаат предизвикано насилни конфликти во минатото“, напиша тој, „а конфликтот е сериозен ризик во областите како Западна Африка, басенот на Нил и Централна Азија“.

Повеќе од една деценија подоцна, ние сѐ уште се обидуваме да создадеме модели што може да ни кажат каде и кога луѓето може да почнат да се движат. Минатата година, извештајот за Светската банка, првиот што обемно ја моделираше миграцијата поради климатските промени, процени дека дури 143 милиони луѓе во супсахарска Африка, Јужна Азија и Латинска Америка би можеле да се преселат во рамките на нивните земји до 2050 година.

Но дали луѓето ќе реагираат на ист начин како што тоа го правеа на претходните климатски катастрофи. Иако моделите се подобруваат, па предвидуваат за колку ќе се зголемат морињата и колку долго може да траат сушите, тие содржат многу непознаници.

Моделите се обидуваат да добијат попрецизни броеви со новите информации од сателитските снимки или податоците од мобилните телефони. Но постојат „ограничувања во користењето на таа технологија“, вели Валериел Милер, економист на Државниот универзитет во Аризона и автор на голем број студии за миграцијата предизвикана од климатските промени. На пример, сателитските снимки може да се користат за да се изброи популацијата, но промените во популацијата може да резултираат и од раѓања и умирања, а не само од миграција. СИМ-картичките во мобилните телефони може да покажат каде се „движел“ телефонот, но не и зошто; и еден единствен телефон може да го користат повеќе од една личност.

Кога луѓето се движат, обично не одат далеку - луѓето што се принудени да мигрираат обично немаат многу пари, и ако луѓето во соседна земја зборуваат поинаков јазик, тоа е уште една дестимулација за напуштање на матичната земја. А во некои случаи потенцијалната земја-дестинација има физички или правни бариери што може да ги принудат луѓето да останат блиску до дома.

Подобрувањето на овие модели е од клучно значење, бидејќи ако владите знаат каде можат луѓето да одат, тие можат да се подготват за она што доаѓа. На пример, еден град со големи економски можности веројатно ќе привлече повеќе мигранти ако се случи климатски шок. Ако политичарите повеќе знаат колку луѓе можат да пристигнат и кога, тие можат да се подготват со насочување на инвестициите во таа област за доделување станови, болници и училишта.

„Никогаш нема да добиеме точни броеви“, вели Алекс де Шербинин од универзитетот Колумбија, уште еден од коавторите на извештајот, „но ако луѓето разбираат што прави моделот, тие можат да добијат многу корисни информации од него“.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе