Дојче веле

По лошите изборни резултати на ЦДУ се заострува борбата за наследник на Ангела Меркел

По лошите изборни резултати на истокот на земјата, меѓу германските демохристијани трае остра расправа. Многумина ја критикуваат Ангела Меркел, ја обвинуваат за неуспехот и ја обвинуваат дека ја турнала партијата премногу налево.

Демохристијаните на Ангела Меркел на изборите во источната германска покраина Тирингија во неделата паднаа на трето место, додека Левица и десничарско-популистичката партија Алтернатива за Германија триумфираа и успеаја да придобијат поголем број гласачи од ЦДУ, пишува Дојче веле.

Германските демохристијани во ЦДУ во моментов ги предводат две жени, канцеларката Ангела Меркел и шефицата на партијата Анегрет Крамп-Каренбауер. Но зад кулисите сè се тресе. Цел одред мажи се „вооружија“ за борба за канцеларското место. Тие „пукаат“ мошне прецизно, и тоа пред сè против канцеларката.

По таквиот резултат Анегрет Крамп-Каренбауер не беше среќна. Изјави дека тоа бил „горчлив ден за ЦДУ“. Истовремено, рече дека е свесна дека тој ден би можело да има горчливи последици за неа како лидерка на партијата и можна наследничка на Ангела Меркел на местото канцелар. Неуспехот на изборите ја растресе и без тоа разнишаната фотелја во која седи Крамп-Каренбауер.

Откако Ангела Меркел најави дека ќе се откаже од претседателствувањето на партијата и дека нема да се кандидира на следните сојузни парламентарни избори во 2021 година, борбата за нејзин наследник се распламти. Иако Анегрет Крамп-Каренбауер во тесна трка минатата година го презеде раководењето на партијата, таа никако не е некој што не може баш лесно да се симне од позицијата. Нејзините конкуренти, многумина од нив критичари на нејзината покровителка Меркел, се нестрпливи и спремно чекаат.

 

Враќање на конзервативизмот и Мерц за лидер како можно решение за многу членови

Не е мал бројот на членовите на ЦДУ што сметаат дека Меркел ја одвлечкала партијата налево. Тие сметаат дека јасниот конзервативен профил на партијата е најдобар рецепт за успех против десничарските популисти од АФД, кои се во подем. Поради успехот на АФД на изборите во Тирингија, многумина како решение за излез на партијата од кризата го гледаат „вечниот противник“ на Ангела Меркел, Фридрих Мерц.

Иако Мерц ја изгуби трката за местото претседател на ЦДУ против Крамп-Каренбауер и во моментов нема никаква политичка функција, тој мошне активно учествува во внатрешнополитичката расправа во партијата. По изборите во Тирингија, во интервјуто за германскиот јавен сервис ЗДФ, ја опиша сојузната влада како „екстремно лоша“. За лошите резултати на неговата партија ја обвинува Ангела Меркел. Ја обвинува за „недостиг од водство“ и отворено изјавува дека не може да замисли дека таков вид власт ќе опстане уште две години, односно до крајот на мандатот.

Се чини дека некој што би сакал да го види Мерц на чело на ЦДУ е Тилман Кубан, претседателот на младите на партијата. Неговата „Млада унија“ бара кандидатот за канцелар да се одреди на директни избори на членството на ЦДУ. Младите нагласуваат дека на тој начин сакаат „да ги поврзат членовите на партијата“, но многумина тој потег го гледаат како чекор против Крамп-Каренбауер, која, доколку пројде предлогот, како лидер на партијата нема автоматски да биде и кандидатка за местото канцелар.

Кубан беше тој што, непосредно по изборите во Тирингија, во Извршниот одбор на ЦДУ на сојузно ниво го постави „прашањето на управувањето“. Анегрет Крамп-Каренбауер на ова кажа: „Тој што мисли дека за тоа прашање би требало да се решава оваа есен, ќе има можност на годишната конференција на партијата“.

Сепак, дури и ако во тој момент нејзината фотелја уште посилно се разниша, се чини дека Анегрет Крамп-Каренбауер не планира да се откаже ни по најновиот изборен пораз.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе