Дојче веле

Платениците во служба на Путин

Поранешен платеник на руската приватна војска Вагнер напиша книга во која сведочи за блиските врски меѓу таа единица и Кремљ. Тој е еден од ретките што прозборуваа за тоа. Москва секогаш негираше дека има некаква врска со Вагнер, вели Дојче веле.

Фото: ЕПА

Дури ни Кремљ повеќе не го негира постоењето на борбената единица на руски платеници наречена Вагнер. Но ретко кој од членовите на таа група кажал нешто за тоа што таа го прави во цела низа конфликти, од Сирија до Украина.

Затоа книгата „Вагнер: Путиновата тајна армија“ на воениот ветеран и поранешен платеник Марат Габидулин е првото сведоштво од ваков вид. Наводно злосторствата на единицата Вагнер конечно го натерале Габидулин на размислување.

Во книгата тој опишува како изгледала руската воена помош за Башар ал Асад или за сепаратистите во источна Украина. „Спасувањето на режимот на Ал Асад ѝ овозможи на Русија да се претстави како заштитничка на криминалците од сите видови“, пишува Габидулин. Исто така, сведочи дека руските платеници ја одиграле својата улога во конфликтите во Судан, Мали или Либија.

Овој февруари и рускиот претседател Владимир Путин проговори за платеничката војска на Вагнер, повторувајќи го официјалниот став дека „руската држава нема никаква врска“ со нив. Тој тврдеше дека таквите приватни армии „имаат комерцијални интереси“ и дека „тие сами преговараат, а локалните владетели ги канат на државно ниво и им се заблагодаруваат за учинокот“, рече Путин на прашањето за акцијата на руските платеници во Мали.

„Готвач“ и полковник на чело

Поинаку може да се види во документарниот филм „Вагнер, Путиновата војска од сенка“, кој го снимија француските авторки Ксенија Болхакова и Александра Жисе. Разговарале и со Марат Габидулин, а и други соговорници тврдат дека рускиот претседател не ја кажува вистината.

Велат, Вагнер е длабоко поврзан со државниот врв на Русија и на многу мисии е токму по налог на Кремљ. „Државата со испраќањето вакви платеници заштедува на подоцнежната исплата на пензии и плати, кои инаку би требало да им ги исплаќа на редовните војници. А така ѝ е можно и загинатите од таа единица едноставно да исчезнат“, пишуваат француските новинарки во предговорот на книгата.

Шефовите на таа организација, која во своите промотивни видеа го прикажува и портретот на германскиот композитор Ричард Вагнер, се рускиот „претприемач“ Евгениј Пригожин и рускиот полковник Дмитриј Уткин.

Токму тој е обожавател на Вагнер, но не само поради музиката: „Уткин му се восхитува на Адолф Хитлер и нацистичкиот рајх“, пишуваат Болхакова и Жисе, а позната е и Хитлеровата восхит кон Вагнер.

Уткин ја оствари својата воена кариера во руската воена тајна служба ГРУ, а во 2014 година ја основа единицата на ветерани од руските специјални сили под нејзиното воено име - Вагнер.

Не помалку важна фигура е Пригожин (62), по кого е распишана потерница од САД. Се вели дека тој е главната врска меѓу Вагнер и Кремљ. И тој потекнува од Санкт Петербург, исто како Путин: „Бившиот разбојник, кој стана еден од најмоќните луѓе во Русија, е чист производ на подземјето составено од паравојски од безбедносни работници, шпиони, членови на тајните служби, мафијаши и поранешни осуденици“, пишува за него.

Пригожин често го угостуваше Путин во својот ресторан додека работеше во градската управа на Санкт Петербург, поради што го носи прекарот „Путиновиот готвач“.

„Сето тоа сме ние, не војската“

Се проценува дека денес Вагнер има на располагање околу пет илјади луѓе, а нивните плати се солидни за руски услови. Габидулин вели дека лесно заработувал и по 3.000 евра месечно до 2019 година кога ја напуштил организацијата.

Голем дел од неговата книга се сведоштва од бојното поле, но има и поплаки за наводно лошото оружје со кое биле опремени, за грешките во командата, а понекогаш и за крајно насилничкото однесување на најсуровите соборци.

Една од причините за неговото заминување и неговото сегашно сведочење за Габидулин е војната на Путин против Украина, која тој ја смета за грешка. Тој вели дека никогаш не сакал да се бори против „браќата“ во Украина.

Но во книгата нема покајание, повеќе оправдување. Габидулин бара и официјално признавање на тие борци на приватните воени компании.

Тој тврди дека руската армија често се кити со успесите што всушност ги постигнале платениците, како што беше случајот во Сирија во борбата против Исламска држава. Затоа смета дека заслужуваат „место во историските книги“.

„На оваа нова структура во Русија ќе ѝ треба уште многу време за да се докаже дека не се средиште на отфрлените и џганот, туку организација составена од вистински професионалци: работници на војната“, смета Габидулин, пренесува Дојче веле.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе