Петте клучни моменти од говорот за состојбата на нацијата на Трамп (ВИДЕО)

Поделбата во американскиот Конгрес беше видлива додека претседателот Доналд Трамп го држеше традиционалниот говор за состојбата на нацијата. Американскиот претседател не сакаше да се ракува со претседателката на парламентот Ненси Пелоси, која доаѓа од соперничката Демократска партија, без оглед на тоа што според протоколот ѝ предаде примерок од текстот на говорот и без оглед на тоа што таа му пружи рака. Тие двајца не разговараат со месеци, откако таа најави дека против Трамп ќе го почне процесот за отповикување.

Додека Трамп го држеше говорот, Пелоси неколку пати одмавна со главата, на пример кога тој кажа дека неговиот план за здравствено осигурување ќе ги заштити сите луѓе кои имаат болести пред склучувањето на полисата.

Кога Трамп спомна намалување на цените на лековите, група демократи станаа и викаа „ХР 3“, потсетувајќи со тоа на законот кој мина низ Конгресот, а бара Медикер, федералното здравствено осигурување, да преговори пониски цени на инсулинот и сличните лекови без кои пациентите не можат да преживеат. На тој закон се спротивстави администрацијата на Трамп.

Дури и кога Трамп го одликуваше радио-водителот Раш Лимбо, истакнат конзервативец, во Конресот се слушнаа извици на негодување.

Кога американскиот претседател го заврши својот говор за „состојбата на нацијата“ во Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси прилично демонстративно го искина својот примерок на Трамповиот говор.

Акцент на економските успеси

Својот говор Трамп го почна со фалење на успесите на својата економска политика, прогласувајќи „големо американско враќање“ и оценувајќи дека „состојбата на нацијата е посилна од кога било“. Таквиот заклучок Трамп го поткрепи со вообичаените статистики – 70 отсто раст на пазарот на акции откако тој е претседател, рекордно ниска невработеност на Афроамериканците и Хиспаноамериканците.

Но, Си-ен-ен забележува дека голем дел од тврдењата на Трамп за економијата се поприлично претерани. Без оглед на тоа, мнозинството Американци го поддржува начинот на кој Трамп ја води економијата, за разлика од начинот на кој ги решава прашањата на емиграцијата и надворешната политика. Во секој случај, Трамповата кампања за реизбор на претседателската функција поприлично се потпира на ефектот на економските резултати врз ставот на гласачите, а тоа го потврдија и републиканците во Конгресот кои му довикуваа „Уште четири години!“

Светот на спектаклите

На Доналд Трамп светот на спектаклите не му е непознат, сепак, тој беше ѕвезда на ријалити шоу и покажува склоност кон драматични гестови. Тој така го покани легендата на конзервативците, радио-водителот Лимбо, да му го додели претседателскиот Медал на слободата, највисокото цивилно признание во САД, само неколку дена откако беше објавено дека Лимбо боледува од рак на белите дробови и дека е во напреден стадиум на болеста. И не само тоа, туку ѝ даде на првата дама Меланија Трамп на лауреатот да му го стави медалот околу врат пред целиот Конгрес.

Пред крајот на говорот Трамп направи и пресврт како во телевизиско шоу, кога изненади една жени и нејзините две деца со враќањето на долгоочекуваниот сопруг и татко од војска.

Трамповата непомирливост

Што се однесува до можност за некакво помирување или компромис со решенијата кои ги нудат неговите политички противници, од тоа немаше ништо во говорот на Трамп. наместо тоа, тој уште пожестоко ги нападна демократите. На пример на оние кои гласале за некакви верзии на законот за здравствена заштита кој би го елиминирал пазарот на приватно осигурување, Трамп им порача: „Никогаш нема да дозволиме социјализмот да ја преземе здравствената заштита“.

Во еден момент дури кажа дека тоа би водело кон „пружање неограничена бесплатна здравствена заштита на нелегалните доселеници“. „Ако верувате дека треба да ги браниме американските пациенти и американските луше на постара возраст, тогаш застанете покрај мене и донесете закон кој ќе забрани бесплатна здравствена грижа за нелегалните доселеници“, кажа Трамп.

Обнова и изградба

И покрај тоа што Трамповиот говор не обилуваше со заеднички теми кои би можеле да ги намалат политичките поделби, интересно е што двете страни на Претставничкиот дом на САД станаа и со долг аплауз поддржаа една тема – потребата да се обнови американската инфраструктура.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе