Кинеската „нуклеарна“ опција

Пекинг би можел да употреби ембарго на ретки ресурси за да ѝ зададе тежок удар на американската одбранбена индустрија (ВИДЕО)

Додека јакне трговската војна со САД, Кина има потенцијален ас во ракавот – забраната за извоз на ретки земни метали би можела да ја осакати американската индустрија за оружје без да испука еден единствен куршум.

Ретките земни метали – група од 17 хемиски елементи со специјални карактеристики – се исклучително барани од страна на воената но и од цивилната индустрија за висока технологија. На електричните автомобили, мобилните телефони, наведуваните проектили, и млазните борбени авиони им се потребни овие скапоцени елементи. А Кина го контролира најголемиот дел од нивното количество на Земјата.

Забраната за нивен извоз веќе одамна се смета за „нуклеарна опција“ на Пекинг во актуелниот трговски спор со Вашингтон. Откако кинескиот претседател Си Џинпинг посети локација за ископување на овие ретки елементи минатата недела, уредникот на Глобал тајмс Ху Сиџин на Твитер напиша дека Кина „сериозно размислува за рестрикции на извозот на ретките земни метали во САД“.

Глобал тајмс, медиум поврзан со кинеската влада, често индиректно ги соопштува нејзините политички чекори. Државниот весник Пиплс дејли, пак, беше уште поексплицитен во напис објавен вчера.

„Ќе станат ли ретките земни метали контра-оружје на Кина за возвраќање на притисокот кој Соединетите Држави го вршат без каква било причина? Одговорот не е никаква мистерија. И немојте да кажете дека не сме ве предупредиле“, напиша главниот уредник.

Ова се потенцијални лоши вести за американската воена индустрија. САД зависат од Кина за 80 отсто од потребите на ретките метали, и индустријата за оружје би претрпела страшен удар доколку Пекинг реши да покаже заби и да воведе забрана на извозот.

САД увезле ретки земни метали и соединенија вредни 160 милиони долари во 2018, 17 отсто повеќе од претходната година, но значително помалку од 2012, кога увезле 519 милиони рафинирани ретки земни соединенија, покажуваат бројките на агенцијата за геолошки истражувања на американската влада.

Само метало неодимиум се користи за производство на силни и термички отпорни магнети за системите за наведување на проектилите и за нивните перки, за погонските делови на моторите на авиониет и тенковите, за сателитски комуникации и за радарски системи.

Речиси секоја наведувана муниција во арсеналот на САД користи некоја комбинација од неодимиум, диспрозиум, прасеодимиум, самариум и тербиум – од проектилите „томахавк“ до наведуваните бомби ЏДАМ (Џоинт директ атек мјунишн).

Други елементи како ербиум и итербиум се витални за производството на ласерските оружја, како на пример најавениот систем Атена на Локид Мартин, моќен ласер кој може да уништува дронови на небото од илјадници метри раздалеченост.

Тука е и борбениот авион Ф-35, кој е своевидна показна вежба за користење ретки елементи. Само еден авион, кој во моментов се прозиведува за секоја воена гранка на САД и за нивните сојузници, користи 417 килограми ретки земни метали. Без керамичката обвивка која содржи итриум оксид, млазните мотори не би можеле да достигнат суперсонична брзина, а без претходно спомнатите магнети, оружјата, системите за маневрирање и за комуникации не би функционирале.

Досега се нарачани над 2.600 вакви авиони, па забраната за извоз би бил фатален удар за проектот.

Ф-35 не е единственото американско оружје кое би било погодено. Нуклеарните подморници од класата Вирџинија користат 4.170 килограми од овие елементи, додека на разурнувач од класата Арли-Бурк со наведувани проектили му се потребни 2.360 килограми.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е свесна за оваа опасност. Државниот секретар Мајк Помпео, тогаш директор на ЦИА, го предупреди разузнавачкиот комитет на Сенатот за оваа кинеска закана уште во 2017 година.

„Ова е причина за многу сериозна загриженост, и очигледно зависи од елементите. Но ги користиме за важни технологии кои нѐ чуваат“, кажа тој.

Но, и покрај оваа најава и годишните одбранбени извештаи со кои му се наредува на Пентагон да работи на наоѓање и рециклирање на ретките земни елементи, САД се сѐ уште неподготвени за шокот кој би им го предизвикало потенцијалното ембарго.

Во отсуство на друга алтернатива, сега, очигледно, на потег е Кина.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе