Пазарот и институтот во Вухан остануваат забранети зони

Пазарот Хунан во кинескиот град Вухан, од каде според мислењето на многумина потекнува пандемијата на ковид-19, е затворена и оградена. Голем број припаднци на обезбедувањето бркаат секого кој ќе се обиде да се приближи.

EPA-EFE

„Ние само ја работиме својата работа“, кажал чуварот во црно кој му наредил на репортерот на Ројтерс да ја избрише снимката направена во близина на главната капија на пазарот. Се претставил како работник на владиниот тим за контрола и превенција на епидемијата. Странски новинари се поканети во официјална обиколка за да известат за напорите на Вухан да ја изгради економијата по повеќемесечната траума поради ковид-19. Официјалната порака е „Херојскиот град“ се враќа во нормалата и почнува да функционира, училиштата и туристичките локации се повторно отворени, а компаниите работата во полн капацитет.

„Не постои побезбедно место од ова“, вели Лин Сонгтијан, претседалка на кинеското Народно здружение за пријателство со странските земји, групата која под покровителство на државата ја организирала обиколката.

Вухан, градот на брегот на реката Јангце, во кој починаа 80 отсто од вкупниот број жртви во цела Кина, нема забележани случаи на локално пренесување од мај и повеќето строги ограничувања се укинати.

Меѓутоа, Вухан е обвинет дека дејствувал преспоро во првите фази на епидемијата поради стравот дека ќе ја наруши економијата и ќе го разгневи раководството во Пекинг. Критичарите тврдат дека медиумската цензура и замолчувањето на свиркачите му дале време на вирусот незабележано да се шири.

Ројтерс пишува дека изгледа дека Вухан и понатаму не сака да го расветли потеклото на патогенот кој уби речиси 900.000 луѓе низ целиот свет.

Градот и понатаму не дозволува пристап до локациите како пазарот Хунан, кој е поврзан со првиот идентификуван кластер во декември.

На друг пазар на северот на градот, кој е отворен за јавноста, новинарите на Ројтерс ги придружувало обезбедувањето и не им дозволувало да разговара со трговците.

„Доколку не им дозволувате на луѓето да ги посетат овие места, тогаш оставате впечаток дека нешто криете“, вели Јангжунг Хуанг од советот за надворешнополитички односи во Вашингтон, кој се бави со политиката зад кинеските здравствени прашања. Кина ги отфрла теориите на заговор во врска со коронавирусот, вклучувајќи ги непотврдените тврдења дека е произведен во виролошкиот институт во Вухан. Меѓутоа, многу неодговорени прашања остануваат за потеклото на ковид-19 и улогата што ја одиграла трговијата со живи егзотични животни во Вухан.

Иако властите го затворија пазарот во Вухан во јануари, сѐ поголем е научниот консензус дека вирусот не потекнал оттаму. Одделни студии укажуваат дека веќе циркулирал до моментот кога стигнал до пазарот.

„Се сложувам со општиот став дека вирусот преминал на човекот пред пазарот во Вухан“, вели Дејвид Ирвин, професор по медицина и патобиологија на универзитетот во Торонто. „Можно е некој трговец да бил директно изложен на вирусот од животно домаќин или да бил во интеракција со други трговци надвор од Вухан“.

Кина не изрази спремност за меѓународна истрага за потеклото на ковид-19 ниту дозволи преиспитување на нејзините напори во раните фази не епидемијата, фокусирајќи се на брзо економско и психолошко опоравување.

„Нема сомнеж дека Кина беше многу успешна во сузбивањето на вирусот, затоа се поставува прашањето зошто не можат да бидат поотврени?“, прашува Хуанг. „Доколку сакате да ги снема тие митови... тогаш не треба да се грижите дали луѓето сакаат да го посетат пазарот па дури и институтот“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И покрај сета надеж што се роди со објавите за докажана ефикасност на неколку кандидати за вакцини за ковид-19, има долг пат пред нас што треба да се изоди за да се дојде до универзална и лесно достапна „вакцина за луѓето“. 

повеќе

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе