Политико

Паника во Брисел, доаѓаат бугарските ултрадесничари

Софија го презема претседавањето со Советот на Европската Унија во јануари, а во Брисел наголемо се загрижени поради фактот дека во бугарската влада има дури три ултрадесничарски партии.

Во бугарската влада седат министри од коалицијата Обединети патриоти (ОП), составена од три ултрадесничарски партии. во текот на шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ министрите од ОП ќе имаат важна улога.

Лидерите на оваа коалиција се познати по расистичката реторика кон Ромите и другите малцинства во Бугарија, се залагаа за насилство за да се спречи влезот на емигрантите во земјата и јавно изразија сомнеж во фактот дека луѓето се виновни за климатските промени, пишува Политико.

Министрите на ОП ќе претседедаваат на состаноци за единствениот европски пазар и политиката за заштита на животната средина.. Владата чиј дел се тие ќе води дебати и за чувствителните теми, како емигрантската политика и азилантите и приоритетите во трошењето на буџетот на ЕУ.

Еден од лидерите на десничарите, заменик премиерот Валери Симеонов јавно ги опишуваше Ромите како „безмилосни мајмуни“, кои ќе завршат во резервати. Тој кажа дека тие „бараат плати а не работат, бараат социјална помош и помош за болни, а не се болни, бараат помош за децата кои си играат на улица како свињи и бараат бенефиции за мајки за жени кои имаат инстинкт на улични кучки“.

Другиот лидер, заменик премиерот Красимир Каракачанов кој како министер за одбрана ќе учествува во Советот за надворешни работи на ЕУ, неодамна кажа дека ЕУ и НАТо треба да ги сопрат емигрантите да влезат во Европа и со „оружена сила, ако е неопходно“.

А третиот член на владата од Обединетите патриоти, министерот за животна средина Нено Димов, кој ќе го води Советот за заштита на животната средна на ЕУ во текот на бугарското претседателство, кажа во 2015 година дека климатски промени се повеќе „предмет на манипулации отколку сериозна грижа“.

Функционерите во Брисел велат дека се многу загрижени поради улогите кои лидерите на коалицијата ОП наскоро ќе ги имаат во работењето на ЕУ.

„Во време кога американскиот претседател Доналд Трамп ги брани симпатизерите на нацизмот, мора да бидеме сигурни дека Советот на ЕУ ќе биде обединет во ставот дека во Европската Унија нема место за фашистички идеи“, вели Ги Верхофштат, пратеник во Европскиот парламент кој го предводи Сојузот на либералите и демократите за Европа.

Тој кажа дека Европскиот парламент ќе ги „држи на око“ Обединетите патриоти.

Додека ултрадесничарите годинава беа неуспешни во борбата за власт насекаде низ Европа, ОП влезе во коалиција со премиерот Бојко Борисов, откако неговата централнодесна партија ГЕРБ не успеа да освои парламентарно мнозинство на изборите во март.

Џозеф Дол, шефот на Европската народна партија, чија членка е ГЕРБ, кажа претходно дека ОП е неприфатлив коалициски партнер.

ОП има четири министри во бугарската влада – двајцата заменици премиери Каракачанов и Симеонов, министерот за животна средина Димов и Емил Караниколов, министерот за економија.

Караниколов, додека трае бугарското претседателство со ЕУ, ќе го води Советот на ЕУ за конкурентност, кој ќе се бави со законите побврзани со пазарот и во кој членуваат министрите за економија.

Во некои случаи лидерите на ОП се обидоа својата националистичка реторика да ја спроведат во акција. Претходно годинава Симеонов и Каракачанов, инаку лидер на бугарското ВМРО-БНД, им се придружија на демонстрантите кои сакаа да ја блокираат бигарско-турската граница за да ги спречат етничките Турци да гласаат на изборите.

ВМРО-БНД е особено озлогласена поради пропагирањето омраза кон соседните балкански народи и особено против Ромите.

Во извештајот на Комисијата за борба против расизмот и нетолеранцијата при Советот на ЕУ се наведува дека ВМРО-БНД, како и Националниот фронт за спас на Бугарија, која ја води Симеонов, се опишани како ултранационалистички и фашистички, а и Волен Сидеров, лидерот на Атака, третата партија од коалицијата ОП, е познат по јавните расистички изјави.

Сепак, постојат и мислења со помала доза на загриженост, во кои се провлекува тезата дека владата е целосно под контрола на Бојко Борисов и дека тој нема да дозволи да се оди против принципите на Европската Унија, пишува Политико.

Од страната на „обвинетите“ коментар стигна само од пратеникот на ОП Ангел Џамбаски, кој истакна дека сите обвинувања треба прво да бидат докажани на суд, па потоа да станат дел од политичкиот дискурс.

„Прашајте ги зошто (германската канцеларка Ангела) Меркел ги враќа емигрантите назад во Авганистан“, кажа Џамбаски. „Тоа докажува дека ние сме во право“.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе