Се влошува хуманитарната ситуација

Пандемијата се заканува со засилување на насилствата во воените зони: „Само сме во првиот чин на многу долга драма“

Пандемијата на коронавирусот ја влошува хуманитарната ситуација во областите на најтешките конфликти во светот и се заканува со економска ерозија чија последица ќе биде понатамошно јакнење на насилствата, предупредуваат дипломатите и експертите на Обединетите нации.

EPA-EFE

„Само сме во првиот чин на многу долга драма“, кажа за Франс прес дипломатскиот експерт Ричард Гоуан.

Со вртењето на вниманието и ресурсите на големите сили премногу зафатени со борбата против коронавирусот на своето тло, пандемијата загрозува бројни програми за помош и економиите на земјите погодени од војна.

„Владее голема загриженост дека економските последици на кризата на ковид-19 би можеле да предизвикаат повеќе немири и повеќе конфликти“, предупреди Гоуан.

Поради тоа генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во март побара светски прекин на огнот, но тоа тешко се рализира во Либија и во Сирија каде и понатаму се водат борби.

Мерките за изолација поради кои едно време повеќе од половина од човештвото беа затворени во своите домови, ги прекинаа операциите за одржување на мирот на невладините организации и ја спречуваат важната распределба на помошта.

Во Јемен, каде според ОН е најголемата хуманитарна криза во светот, борбите според оценките на дипломатите се засилуваат.

„Повторно се појавува глад, повторно се јавуваат конфликти, повторно економијата е растурена, а хуманитарните агеции работат речиси на празно. И на тоа се надврзува новиот проблем, ширењето на ковид-19 кое е надвор од контрола“, кажа помошникот на генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања Марк Лоукок минатата недела.

Британскиот дипломат во Советот за безбедност на ОН кажа дека поради пандемијата за речиси 70 отсто од Јеменците опаднало доставувањето девизи од странство кое долго време беше извор на помош за стопанството на земјата.

Мерките на изолација воведени за да се спречи ширењето на пандемијата според Лоукок придонеле на намалувањето на сирискиот БДП за преку седум отсто годинава.

Според наводите на дипломатите пандемијата исто така ги натерала големите сили да ја намалат помошта за зоните во кои владее хуманитарна криза.

Во јануари на самитот во Берлин светските лидери се обврза дека нема да се мешаат во граѓанската војна во Либија и дека конечно ќе го почитуваат ембаргото на оружје за таа земја, според одлуката на ОН од 2011 година.

Меѓутоа, минатиот месец генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш оцени дека тоа мешање во Либија „достигнало нивоа без преседан“.

Во таа земја и Русија и Турција поддржуваат ривалски страни.

Ричард Гоуан од истражувачкиот центар Меѓународна кризна група, кажа дека сега Германија е попосветена на заздравувањето на европската економија отколку на либиската криза.

Експертите внимателно ја следат и ситуацијата во Либан кој падна во најтешката економска криза во повеќе децении, обележана со невиден пад на вредноста на локалната валута, хиперинфлација, масовни отпуштања и драстични банкарски рестрикции поради кои веќе со месеци расте социјалното незадоволство.

„Сѐ на сѐ прилично мрачна и депримирачка слика“, изјави еден дипломат.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе