Четири месеци војна во Украина

Пад на моралот на војниците од двете страни

Четиримесечната војна во Украина влијае на моралот на војниците од двете страни, што резултира со дезертирање и одбивање да се извршат наредбите, изјавија вчера британските безбедносни претставници, додека генералниот секретар на НАТО предупреди дека борбите може да траат со години.

Фото: ЕПА

„Борбените единици на двете страни учествуваат во интензивни конфликти во регионот Донбас и најверојатно состојбата на моралот е променлива“, се вели во дневниот извештај на британското Министерство за одбрана.

„Во последните недели веројатно имаше дезертирања во украинските сили“, се вели во оценката и се додава дека „многу веројатно има големи проблеми и со моралот на руската страна“. „Продолжува да се случува цели руски единици да ги одбиваат наредбите и да доаѓа до судири меѓу офицерите и нивните војници“, се додава во извештајот.

Украинската Централна разузнавачка агенција објави снимка за која тврди дека е пресретнат телефонски разговор во кој руски војници се жалеле на условите на фронтот, лошата опрема и општиот недостиг од луѓе.

Откако не успеаја да го заземат Киев во раните фази на војната, руските сили ги насочија своите напори на обидот да ја преземат целосната контрола врз Донбас, чии делови веќе беа под контрола на проруските сепаратисти пред инвазијата на 24 февруари.

Во интервју објавено вчера за германскиот неделник „Билд“, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека „никој не знае“ колку долго би можела да трае војната. „Мораме да се подготвиме дека ќе потрае со години“, рече тој. Тој, исто така, ги повика сојузниците „да не ја ослабуваат поддршката за Украина, дури и ако цената е висока не само во однос на воената помош, туку и поради зголемените цени на енергијата и храната“.

Британскиот премиер Борис Џонсон го повтори коментарот на Столтенберг. „Се плашам дека треба да се подготвиме за долга војна“, рече тој, додавајќи дека е неопходно „и времето да биде на страната на Украина“.

Коментарите на британскиот премиер уследија откако челникот на британската армија рече дека британските војници мора да се подготват „повторно да се борат во Европа“. „Сега е императив да се создаде армија што ќе може да се бори со нашите сојузници и да ја порази Русија во битка“, рече генералот Патрик Сандерс.

Гардијан посочува дека ваквите изјави на западните функционери укажуваат дека тие веруваат дека Украина не може да постигне брз воен пробив и покрај очекуваното пристигнување на нови резерви на оружје, додека украинските власти постојано бараат да се забрза помошта.

Украина бара големи залихи на западно оружје за да може да ги одврати руските војници, но досега ѝ е понудено помалку од она што Киев го побара. САД, Велика Британија и Германија ветија дека ќе испратат 10 ракетни артилериски системи, додека украинските советници побараа 60 или дури 300.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе