Планот на Борис Џонсон поради пандемијата

Пабовите во Британија нема да го преживеат вториот бран на затворање

Последните кригли пиво оваа недела се пијат низ северна Англија додека гневните сопственици предупредуваат дека новите ограничувања кои ги воведува британската влада ќе го уништат нивниот бизнис, кој е веќе во проблем поради националниот карантин претходно годинава.

EPA-EFE

Во момент кога расте бројот на заболени од ковид-19, а болниците примаат сѐ повеќе пациенти, британскиот премиер Борис Џонсон претстави нов трислоен систем на локално затворање за да се сузбие ширењето на заразата со затворање на пабовите и баровите во тешко погодените области.

„Мораме да дејствуваме за да спасиме животи“, кажа Џонсон во парламентот, додавајќи дека не сака нов карантин на национално ниво и дека го разбира незадоволството на оние кои го критикуваат „задушувањето на слободата“.

Ливерпул, местото каде настанаа Битлси и кој е познат по истоимениот фудбалски клуб, и околнот регион ќе бидат првите ставени во областите со висок ризик, што значи затворање на пабовите во кои се служи исклучително пијалак, додека објектите во кои се служи храна ќе може да работат.

Менаџерите на пабовите реагираа со неверување и гнев поради тоа што нивниот град и бизнис станаа први на удар. „Најмногу се грижам за бизнисот бидејќи ќе мораме повторно да затвориме и нема повеќе да отвараме бидејќи немаме заштедено“, вели за Ројтерс Френсис Барли, сопственичка на паб во центарот на Ливерпул.

„За време на последниот карантин изгубив 6.500 фунти само на пиво и 3.500 на храна, и тоа овојпат нема да го преживеам“.

Стапката на зараза на северозападот на Англија расте во последните недели, а Ливерпул е малку под 600 случаи на 100.000. здравствените работници велат дека акцијата е неопходна за да се спречи пукање на здравствениот систем и пораст на бројот на мртвите.

Иако локалните лидери велат дека ги поддржуваат рестриктивните мерки, тие бараат од владата со повеќе пари да ја помогне угостителската индустрија и другите гранки на економијата кои се погодени од затворањето, тврдејќи дека мерките кои минатата недела ги најави министерот Риши Сунак не се доволни.

Сунак кажа дека владата ќе плати до две третини од платите на вработените, кои се проценети на 2.100 фунти месечно, доколку работат за претпријатијата кои се приморани на привремено затворање.

„Ги затвораат пабовите, но тоа нема да одигра значителна улога бидејќи луѓето ќе се собираат по куќи, ќе се дружат на други места и ќе продолжат да пијат“, вели Карен Стрикленд за Ројтерс. „Во пабовите барем го правиме она што владата од нас го бара и ги почитуваме пропишаните мерки. Ако некаде е безбедно, тоа е во паб“. Бидејќи локалните затворања засега се фокусирани само на северот на Англија, и покрај растот на бројот на случаи и на југот на земјата, Џонсон се соочи со критики дека ги издвоил обласитте кои традиционално се чувствуваат занемарени од страна на владата во Лондон. „Сето ова изгледа како повторно да го казнуваат северот“, вели Стрикленд.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе