Би-би-си

Ова е почеток на крајот, животот наскоро пак ќе ни биде нормален, велат британски експерти

Голема анализа на новинарот на Би-би-си Џејмс Галагер одговара на прашања за иднината на пандемијата.

Фото: ЕПА

Се наведува дека на повидок е крајот на пандемијата и дека наскоро би можеле да почнеме да живееме нормално. Сепак, не може само да се пукне со прсти за вирусот да исчезне. Наместо тоа, ќе треба да се навикнеме на нов збор - ендемија. Ендемија или ендемско заболување е патологија што е трајно присутна во одредена област или кај одредена популација.

Ендемиите може да бидат присутни во помал, но постојан број случаи на иста територија или може да се појават во форма на помали епидемии, кои секогаш ја зафаќаат истата област и се повторуваат со текот на времето.

„Речиси е сигурно дека сме на крајот на пандемијата, ова е почеток на крајот, барем во Обединетото Кралство. Мислам дека во 2022 година нашите животи речиси во целост ќе се вратат во претпандемиската состојба“, вели професорот Џулијан Хискокс од Универзитетот во Ливерпул.

Она што е сменето е нашиот имунитет. Коронавирусот се појави во Вухан пред две години и тогаш бевме ранливи. Тоа беше сосема нов вирус со кој нашиот имунолошки систем немаше никаков контакт, а немавме ниту вакцини ниту лекови што би можеле да помогнат во борбата против него. Ковидот експлозивно се рашири низ светот.

Од почетокот, постоеја две опции - или ќе ја истребиме короната, како што беше направено со еболата во Западна Африка, или вирусот сам ќе се смири, но ќе остане долгорочно со нас и ќе се придружи во низата ендемски зарази што секогаш се присутни – од обичната настинка преку ХИВ, малите сипаници и маларијата до туберкулозата.

Втората опција изгледаше неизбежна од самиот почеток со оглед на тоа дека се работи за вирус што се пренесува преку воздухот.

„Ендемичноста е врежана во овој вирус. Јас сум голем оптимист. Наскоро ќе бидеме во ситуација вирусот да циркулира, притоа да се грижиме да ги заштитиме најранливите, додека за сите други ќе прифатиме дека ќе се заразат. На просечниот човек нема да му се случи ништо“, рече д-р Елизабета Гропели, виролог на Универзитетот во Лондон Сент Џорџ.

Епидемиолозите обично сметаат дека некоја зараза е ендемска кога нејзиното ширење е конзистентно и предвидливо. Азра Гани, епидемиолог на Империјал колеџ во Лондон, вели дека брзо ќе дојдеме до тоа повеќе да не мораме да ги ограничуваме своите животи, но ковидот сепак ќе биде меѓу нас.

Фото: ЕПА

„Се чини како да ни требаше многу време, но пред само една година почнавме да се вакцинираме и веќе сме многу послободни поради тоа“, вели таа. Единственото нешто што може да ја влоши ситуацијата е некој нов сој што би го надвладеал омикронот и би предизвикал многу потешка клиничка слика. Важно е да се напомене дека ако заразата е ендемска, тоа не мора да значи дека болеста е блага.

„Имаме некои навистина лоши смртоносни заразни болести што ги сметаме за ендемски. Сипаниците со милениуми беа ендемски, но сепак убија една третина од сите заразени. Маларијата е ендемска и предизвикува 600.000 смртни случаи секоја година“, рече Гани.

Кога станува збор за ковидот, веќе има видливи знаци дека тој станува сѐ помалку смртоносен со текот на времето во кое човечките организми го „запознаваат“ коронавирусот и „учат“ како да се борат со него. Се очекува дека многу постарите и поранливите луѓе се очекува ќе умрат за време на ендемската фаза на коронавирусот.

Некои британски експерти очекуваат дека ограничувањата нема да се вратат, а масовните тестирања за коронавирусот ќе завршат оваа година. Речиси е сигурно дека наесен ќе дојдат дополнителни вакцини за ранливите за да се зајакне нивната заштита во текот на зимата.

„Мораме да го прифатиме фактот дека сезоната на грип ќе биде и сезона на коронавирусот, а тоа ќе биде предизвик за нас“, рече д-р Гропели. Важно е да се напомене дека посиромашните земји сè уште чекаат вакцини за своите најранливи граѓани - така што некои земји сè уште не се блиску до крајот на пандемијата.

Светската здравствена организација беше јасна дека светот е далеку од опишување на ковидот како ендемија. „За светот сè уште е пандемија и акутна вонредна состојба“, заклучува д-р Гропели за Би-би-си.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе