Откако Кина ги затвори погоните за рециклирање се трупа ѓубре во многу земји

Планини ѓубре се трупаат во западните земји, а градовите на југоисточна Азија се мачат под товарот на увезената амбалажа откако Кина реши да ги затвори своите погони за преработка на отпад, фрлајќи ја индустријата на рециклирање во длабока криза.

На почетокот на 2018, Кина реши дека повеќе нема да биде прва светска дестинација за рециклирање и забрани увоз на пластичен отпад, но и други категории отпад.

Пластичниот отпад од развиените земји од тогаш масовно се пренасочува во неколку земји од југоисточна Азија во кои сопствениците на кинеската индустрија за рециклирање ги преселија своите бизниси.

„Тоа беше како земјотрес“, објаснува Арно Бруне, директор на Меѓународната канцеларија за рециклирање со седиште во Брисел. „Кина беше главниот пазар за рециклиран отпад. Кога ја заклучи вратата за таа активност, Кина ја шокираше целата планета“.

Во југоисточна Азија најпогодена е Малезија. Во таа земја живее големо кинеско малцинство кое го презема бизнисот со рециклирање. Увозот на пластика во Малезија се зголемил тројно од 2016 и достигнал 870.000 тони во 2018, според официјалните податоци.

Во гратчето Јенјаром во близина на престолнината Куала Лумпур, фабриките за преработка на пластика никнувале како печурки по дожд, а со нив и емисиите на отровни гасови. Планини од пластика има насекаде, формирани од сите видови отпад: амбалажа од индустријата на прехрамбени производи, средства за перење и чистење, пластични кеси од Франција, Германија, Америка или Бразил.

Многу брзо жителите почнале да се жалат на смрдеата, а борците за животната средина се спротивставиле на палењето на одредени видови пластика кои не можат да се рециклираат. Луѓето почнале да се задушуваат во смрдењата од отровите, да патат од замор, главоболки, несоница, тешкотии со дишењето.

Пуа Леј Пенг, жител на Јенјаром, почнал истрага и утврдил дека во регионот има четириесетина фабрики за преработка на пластика, а многу од нив работеле без дозвола. По бројните жалби властите конечно реагирале и ги затвориле фабриките и привремено им ги суспендирале дозволите за работа.

Во септември биле затворени 33 фабрики за преработка на пластика само во Јенјаром. Квалитетот на воздухот се подобрил, но купиштата пластика сѐ уште не се отстранети. Активистите за заштита на околината стравуваат дека операцијата на рециклирање ќе биде преместена на некое друго место.

Западните држави, кои со години зависеа од Кина испраќајќи го таму својот отпад, сега мака мачат како и каде да најдат замена. Индустриите тврдат дека трошоците се превисоки за таквата активности да ја вршат во западните земји па сега отпадот само го истоваруваат во депонии или го согоруваат.

Во Кина увозот на пластика падна од 600.000 тони на месец во 2016 на 30.000 тони месечно во 2018, наведено е во извештајот на Гринпис и невладиното здружение ГАИА (Глобален сојуз за алтернативно согорување). Цели зони кои биле наменети за рециклирањето сега се напуштени, вели Чен Лиуен, основач на невладиното здружение Зиро вејст алајенс во Кина.

Кога Малезија, Тајланд и Виетнам, земјите првично погодени од индустријата на рециклирање, почнаа да преземаат мерки за ограничување на увозот на пластика, бизнисот се пренасочи во државите каде законите се полабави, како Индонезија и Турција, истакнува Гринпис.

Меѓутоа, ако се има предвид дека само 9 отсто од произведената пластика се рециклира, единственото долгорочно решение е да се произведува или троши помалку пластика, истакнува Гринпис.

„Циклусот на рециклирање не успева да го стигне производството на пластика“, истакнува Кејт Лин, задолжена за кампањата во таа организација.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе