Оружје, болест и ИСИС: Сирискиот бегалски камп е хуманитарна катастрофа во создавање (ВИДЕО)

Во пустинскиот камп на северот на Сирија, каде десетици илјади сопруги и деци на борците на Исламска држава чмаат со месеци додека светот се договара што да прави со нив, симпатизерките на терористичката организација редовно ги палат шаторите на жените кои ги сметаат за невернички.

Во кампот често избиваат конфликти во кои се користат ножеви, чекани, па дури и огнено оружје кое, и покрај контролите, се шверцува во кампот. А радикалните исламистки ги напаѓаат и чуварите, кои доаѓаат од претежно курдските Сириски демократски сили.

Во два наврати во јуни и јули тие со ножеви ги боделе своите курдски чувари кои ги спроведувале, поради ѓто сите жители беа затворени во своите шатори, пишува Њујорк тајмс.

Речиси сите жени во кампот носат никаб, црна облека која ги покрива телото, главата и целото лице освен очите, а кој според радикалното исламско толкување кое го промовира ИСИС е задолжително за муслиманките. Некои од жените, меѓутоа, нисат никаб бидејќи и понатаму ја следат идеологијата на оваа поразена терористичка организација, а некои затоа што се плашат да се замерат со првите.

Ужасните услови придонесуваат на радикализацијата

Освен екстремизмот и насилството, вториот жежок проблем во овој голем бегалски камп се ужасните услови. Водата е често загадена, тоалети има премалку за толкав број луѓе, а здравствената грижа е ограничени и меѓу чуварите и бегалците имаа тензии.

Во шаторите е студено во зима и ужасно жешко во лето, водата во голем дел е контаминитарана со ешерихија коли, а медицинската грижа е ограничена на две мали клиники кои не работат ноќе. Сѐ повеќе деца умираат од излечиви болести и неухранетост – 306 оваа година. Особено се тешки условите во таканаречениот анекс, каде се сместени жените и децата кои не се од Сирија и Ирак.

Огорченоста која тоа ја предизвикува меѓу популацијата на кампот помага на повторната радикализација. Според неодамнешниот извештај на Пентагон, ИСИС се регрупира низ Ирак и Сирија и ја шири својата идеологија „без пречки“ во овој камп.

Хаосот во кампот е предизвикан и од неконтролираното зголемување на неговата популација: од помалку од 10 илјади на крајот на минатата година до 72.000 откако ИСИС беше поразен во март. Од тоа отприлика 50 илјади се деца.

Невозможно е да се знае колку жени во кампот и понатаму се лојални на ИСИС, а голем број јавно се откажаа од џихадистите. Но тврдоглавото јадро следбенички и понатаму се заканува, ги заплашува и повремено ги напаѓа останатите бегалци, предупредуваат хуманитарните организации и истражувачите кои биле во кампот.

Не се во затвор, но жените и децата на ИСИС немаат каде да одат

„Да се живее во услови кои се тешки и да се биде опкружен со луѓе кои се исклучително радикални – помага ли тоа на дерадикализацијата? Ова е место кое може да радикализира некого, но сигурно не помага на нечија дерадикализација“, коментира Елизабет Џурков од Форумот за регионално размислување, која се бави со Ирак и Сирија и која во два наврати го посетила кампот.

Вашингтон пост исто така пишува за критичната ситуација во овој камп, спомнувајќи го очигледното убиство на млада девојка од Азербејџан која се замерила со екстремистките на ИСИС во кампот. Причината? Не сакала да носи никаб. Бремена жена од Индонезија исто така била убиена затоа што разговарала со западни новинари.

Иако технички не станува збор за затвор, ретко кој навистина може да замине од овој камп. На Ирачанките им се заканува затвор ако се вратат во Ирак, кој веќе погуби низа обвинети припадници на ИСИС во кратки и, според многумина, монтирани судења. Сиријките главно немаат домови во кои би се вратиле, а со заминување на територијата под контрола на Дамаск исто така им се закануваат затвор и смрт, пишува Вашингтон пост.

Тука се и десетици илјади странски државјанки и нивните деца, од некои педесетина земји освен Ирак, кои нивните влади главно не сакаат да ги примат назад. Курдските власти кои управуваат со кампот со месеци ги молат тие земји да ги примат назад своите државјани и предупредуваат дека нема да можат да ги држат вечно во кампот во пустината.

А тука е и опасноста, во случај на нови конфликти, или со Турција или со режимот на Башар ал Асад, џихадистите (и џихадистките) да организираат масовно бегство.

Странските земји главно не сакаат да ги примат своите државјани назад

Засега само Казахстан, Узбекистан и Таџикистан ги прифатија своите државјани, но тоа наскоро треба да го направи и Босна и Херцеговина. Единствен исклучок се малите деца кои владите на западните држави во неколку наврати се согласија да ги примат.

„Тие се во ничија земја. Заглавени се во пустината во камп кој не е опремен за нивните потреби, со деца кои се израснати во најлошите можни услови, само за да дојдат на место кое, ако е тоа воопшто можно, е уште полошо“, коментира Сара Кајали, истражувачка за Сирија за Хјуман рајтс воч, која го посетила кампот годинава.

На жените на ИСИС-овците уште поголема фрустрација им предизвикува тоа што не знаат каде им се мажите. Курдските власти најпрво им кажаа дека ќе ги поврзат или дека ќе им овозможат контакт со нив, но тоа главно не се случи, пред сѐ поради безбедносните ризици.

Шират гласини и пропаганда на ИСИС

Друга истражувачка, Дарен Калифа од Интернешнал крајсис груп, признава дека е растргната меѓу „желбата да ги гледа како луѓе и бегалци“ и сфаќањето дека некои од тие жени се „многу идеолошки настроени и дека атмосферата е многу зрела за индоктринација на малите деца и жените кои едноставно не знаат што ќе им се случи“.

Жените од кампот комуницираат во групи на мобилната апликација Телеграм, каде често шират со ништо непоткрепени гласини дека курдските чувари грабаат деца и ги присилуваат да станат нивни војници. Тука се и гласините дека Курдите силуваат, убиваат, па дури и дека им вадат и продаваат органи на жителите на кампот. Во исто време ја разменуваат пропагандата на ИСИС, вклучувајќи ги морничавите снимки на отсекување глави, упатства за изработка на бомби и заклетви дека ќе го обноват таканаречениот калифат.

И американското министерство за одбрана предупреди во извештајот од минатиот месец дека СДФ можат да пружат само „минимална безбедност“ во кампот и дека идеологијата на ИСИС се шири неконтролирано.

„Тоа е круг на насилство. ИСИС изврши злосторства против целиот свет. Политичарите не сакаат да се занимаваат со никој кој е поврзан со ИСИС. Тогаш тие повторно се радикализираат со лошиот третман и му се враќаат на она што го знаат“, заклучува Кајали.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе