Обемно истражување

Оружените напаѓачи во САД имаат 4 заеднички работи

Истражувачите ги класифицираат убијците во 5 групи.

Новата, сеопфатна студија за оружените напаѓачи, која го опфаќа секое убиство на најмалку четири лица на јавно место од 1966 до 2019 година, откри четири фактори што ги поврзуваат скоро сите напади.

Истражувачите откриле дека пукачите обично

- претрпеле траума во детството,

- имаат лична криза или тагуваат по нешто/некого,

- имаат „скрипта“ или примери што ги потврдуваат нивните чувства или им даваат патоказ, и

- имаат пристап до оружје.

Во „Проектот насилство“ се собрани податоци што почнуваат со пукањето во Универзитетот на Тексас, кога 15 луѓе беа убиени од набљудувачницата на кампусот, а случајот е одбран како прв затоа што беше првото масовно пукање за кое беше масовно известувано на вестите.

Студијата е најголема од ваков вид финансирана од федералната влада. Бројот на масовните пукања расте, покажуваат податоците: една петтина од 167 напади во текот на овие 53 години се случила во изминативе пет години.

Откритијата, исто така, даваат надеж дека може да се спречат ваквите напади. Повеќе од 80 отсто од напаѓачите доживеале криза пред да нападнат, напишале авторите на студијата во Лос Анџелес тајмс. Значи, може да има влијание интервенцијата од стручни лица за ментално здравје во училиште и на работа. „Ова се можностите за превенција“, рече Џилијан Петерсон, коавтор на студијата.

Огромно мнозинство од напаѓачите се мажи (98 отсто). 52 проценти од нив се белци, а 70 отсто познаваат барем една од своите жртви.

Податоците упатуваат на пет широки групи пукачи: оние што отвораат оган во основно и средно училиште, колеџ, на работно место, во верски објект или во продавница, ресторан или друг трговски објект.

Профилот варира според локациите, на пример напаѓачите на работно место и во црква се постари од другите.

Авторите на студијата рекоа дека нивната цел е подобро да го разберат масовното насилство, што ќе доведе до начини тоа да се намали.

„За ова ќе биде потребно надминување на партиските линии во однос на контролата на оружјето за да се испланираат и имплементираат решенија засновани врз докази изведени од податоците“, вели Тајмс.

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе