Орбан и неговите луѓе ја зацементираа контролата врз унгарските медиуми

Сопствениците на над 400 унгарски медиуми ги подарија во координирана акција своите медиуми на здружение на чие чело е поранешен пратеник на Орбановата партија Фидес, јавува Њујорк тајмс.

Спомнатите медиуми ги поседуваа десетина компании на политички и бизнис соработници на Орбан, но сега тие ќе бидат под контрола на едно здружение наречено Сентрал јуропиан прес енд медиа фондејшн.

За подарокот или донацијата нема парична трансакција па нема ни плаќање данок. Ставањето стотина медиуми под контрола на едно здружение потсетува на минатите времиња на национализација во времето на комунистичките режими и контролата на партијата врз целото општество.

Но, таквата контрола и авторитарно однесување ги сакаат и конзервативците, кои начелно треба да бидат на другата страна на политичкиот спектар од комунистите. Со Овие потези на унгарскиот премиер Виктор Орбан, а особено со неговата пресметка со фондацијата на Џорџ Сорос Отворено општество и поставувањето ограда на границата за емигрантите.

Унгарија според оценката на медиумските слободи на Репортери без граници падна од 23 место во 2010 година на 73 место оваа година.

Меѓународните набљудувачи на медиумските слободи изнесоа податок дека во 2015 година Орбановата влада ја поддржувале 31 медиум, додека во моментов поддршка му даваат повеќе од 500.

Од доаѓањето на власт Орбан укина низа граѓански слободи и невладини здруженија, а во државните тела и компаниите постави пријатели и истомисленици. Приватниот бизнис исто така е во рацете на негови моќници.

Донираните медиуми претходно беа во раце на луѓе како Лоринц Месарош, пријател на Орбан и поранешен градоначалник на неговиот роден град. Месарош во моментов е еден од најбогатите луѓе во Унгарија, познат по раширеното работење со државните компании. Меѓу донаторите фигурира и Адам Матолчи, син на гувернерот на Народната банка на Унгарија, како и Арпад Хабони, долгогодишен стратег на Орбан.

Донацијата на медиумите е само дополнителен пример на Орбановото раширено влијание, бидејќи веќе ја потчини цела држава па донацијата само укажува на веќе формираниот тренд во Унгарија. Орбан годинава ги освои третите избори по ред, а во тоа значително му помогнаа бројните медиуми под негова контрола.

„Постои неверојатна централизација на медиумите. Изборите во април покажаа што сѐ може пропагандата кога Орбан победи врз основа на антиемигрантската кампања, без воопшто да има значителен број на емигранти“, вели Агнес Урбан, аналитичарка на Мертек во Будимпешта.

Унгарија би можела да се најде под санкции на Европската Унија поради кршење на владеењето на правото и останатите демократски вредности, како слободата на медиумите.

Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018 година, кој го одбележуваме во вторник (18 декември).

повеќе

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе