Опасно сценарио: „Зборовите на Путин звучеа заканувачки“

Односите меѓу Русија и НАТО се развиваат според „опасно сценарио“, зашто со секој прекинат контакт се зголемува ризикот за ненамерна ескалација, предупредува германска „Ерсте“.

Фото: Пиксабеј

Телевизијата „Ерсте“ потсетува дека постојаното претставништво на Русија при НАТО во Брисел официјално престана да работи од 1 ноември, дека канцелариите на НАТО во Москва се испразнија, како и дека седниците на еден од најважните комуникациски канали, Советот Русија-НАТО, веќе подолго време не се одржуваат. 

Според наводите на медиумите, фактички нема директен контакт на дипломатско ниво.

Контактите се прекинати, а тоа се случува во контекст на порастот на тензиите, пишува авторот.

Според зборовите на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, Москва нема информации во врска со понатамошните активности на Алијансата.

Како што кажа тој претходно, НАТО не сака никаква соработка со Русија.

Тоа е опасно сценарио, наведува „Ерсте“ и потсетува дека во последните неколку недели бродови и авиони на Русија и на НАТО неколкупати се најдоа во опасна близина. 

Во врска со тоа, медиумот се осврна и на неодамнешните зборови на рускиот лидер Владимир Путин во врска со влегувањето на американскиот главен брод во Црно Море.

„Знаете дека американски брод вплови во Црно Море. Можете да го видите низ двоглед или низ нишанот на одбранбените системи“, изјави Путин на вчерашниот состанок со воениот врв.

Зборовите на Путин звучеа заканувачки, наведува „Ерсте“.

Истовремено, телевизијата тврди дека двете страни јавно жалат поради прекинатите односи и дека се жалат дека нивните односи сега се полоши отколку за време на Студената војна.

Меѓутоа, авторот на материјалот констатира дека двете страни си ја префрлуваат кривицата едната на другата.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе