Истражување

Од Косово сакаат да заминат 76 отсто од младите

Илјадници луѓе сакаат да го напуштат Косово, а доколку продолжи сегашниот тренд за поднесување барања за визи во амбасадите на западните земји, главно во Германија, до крајот на годината третина од населението би можело да се подготви за заминување, јавуваат приштинските медиуми.

EPA-EFE

Според последното истражување, од Косово сакаат да заминат 76 отсто младите на возраст од 16 до 25 години и 53 отсто од постарите меѓу 26 и 60 години. „Судејќи по тие бројки, на Косово во догледно време би можела да остане само власта“, иронично забележува еден косовски новинар.

Во амбасадата на Германија во Приштина во последните четири месеци се предадени речиси 200.000 барања за визи, иако тоа дипломатско претставништво издава едвај нешто повеќе од пет илјади дозволи годишно. Германска виза од декември 2021 побарале „11 отсто од населението на Косово“, пишуваат приштинските медиуми на албански и наведуваат дека до крајот на март германската амбасада примила 199.783 барања за виза.

Во март се предадени 48.044 барања, додека во февруари имало околу две илјади помалку, но германската амбасада нуди само 500 до 800 термини месечно, што е вкупно 5.500 визи годишно, наведуваат медиумите. Германските власти пред неколку години воведоа привилегии за работниците од Балканот, што на Албанците од Косово им ја направи целена дестинација, јавува РТС.

Амбасадите на другите западни земји во Приштина примаат значително помалку барања, што приштинските медиуми го илустрираат со податокот дека швајцарска виза од ноември 2021 до јануари 2022 побарале 8.737 граѓани на Косово, додека од ноември до март во амбасадата на Хрватска се предадени 1.944 барања.

Во Приштина истакнуваат дека интензитетот на поднесување барања за виза во германската амбасада е константно висок и ако трендот продолжи, само за една година третина од жителите би можеле „да застанат во редот“ пред амбасадата за заминување од Косово.

Социолозите предупредуваат дека овие податоци се вознемирувачки, а како главни фактори ги гледаат економските причини и желбата за образование. Косово има 1,8 милиони жители и е една од најнеразвиените економии на Балканот.

Од едностраното прогласување независност во 2008 година, властите во Приштина се за евроатлантски интеграции, зад себе ги имаат Соединетите Американски Држави како најголем сојузник, но Европската Унија на Косово сè уште не му одобрува визна либерализација како еден од постапните чекори на европскиот пат.

Поранешниот амбасадор на Косово во Франција Џендрим Гаши смета дека процесот на визна либерализација за граѓаните на Косово „заостанува поради политизацијата на процесот“. Гаши претходно за приштинскиот портал Телеграфи кажа дека „Франција е една од земјите кои и понатаму се колебаат во врска со либерализацијата на визите“ за Косово.

„Во Франција преовладува идејата дека, ако се отворат вратите на Шенген зоната за граѓаните на Косово, ќе дојде до масовна емиграција и бројни барања за азил“, кажа Гаши.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе