Гринпис

Нови снимки од разнесениот гасовод Северен тек (ВИДЕО)

Според изјавите на експертите, нови видео снимки од едно од неколкуте места на саботажата на гасоводот Северен тек, би можеле да бидат почетна основа за понатамошната истрага. Станува збор за подводни снимки кои пред неколку дена за време на една експедиција ги направиле претставници на организацијата за заштита на животната средина Гринпис и така документирале нови детали од уништувањето, пренесува Дојче веле.

EPA-EFE

Снимките се направени кај оштетена цевка на гасоводот кај островот Борнхолм, кој се наоѓа во шведската економска зона. Еколозите успеале да ги утврдат координатите на местото на нападот споредувајќи различни податоци. Снимките се направено од подморница дрон на длабочина од 79 метри.

Според стручното вештачење многу е веројатно дека дошло до екстерна експлозија. На снимките се гледа целосно уништената цевка на гасоводот, свиткан челик, делови од цевката кои се креваат од дното на морето во должина од седум метри и од експлозијата разнесената бетонска обвивка.

Во извештајот се наведува: „Во контекст на познатите тези, кои тргнуваат од претпоставката дека експлозиите се случиле во цевката, може да се каже дека тоа е малку веројатно за овој дел од гасоводот кој го истраживме“.

Експертот за експлозиви Фриц Фајфер, кој ја правел анализата за Гринпис, затоа ја смета за поверојатна теза според која експлозијата се случила во близина на гасоводот. Според неговата првична проценка, на тоа место се употребени од 200 до 400 килограми експлозив.

Гринпис долго го критикуваше фактот што се објавуваат многу малку информации за еколошките последици од експлозиите на гасоводот. Поради тоа еколозите самите сакале да стекнат претстава за ситуацијата и со помош на робот подморница го истражиле дното на морето во близина на островот Борнхолм.

На лице место се земени 40 примероци песок и вода од местото каде што се случила експлозијата. Според Гринпис, примероците се истражуваат на Токсиколошкиот институт на Универзитетот во Кил, за да се утврди дали постојат остатоци од хемиски материјали, воени материјали и експлозив. Резултатите може да се очекуваат најрано за 14 дена.

Истовремено треба да се разјасни дали експлозиите можеле да ги кренат и високо токсичните наслаги од морското дно. Бидејќи, во областа каде што се случиле експлозиите, фрлени се илјадници тони стара муниција и хемиски воени средства од Првата и Втората светска војна.

„Нема информации за можен облак отрови поврзан со стариот воен отпад, кој би можел да биде создаден од експлозиите“, кажа морскиот биолог на Гринпис Тило Мак. Организацијата истовремено повика на итно и професионално отстранување на овој воен отпад од Балтичкото Море.

Според проценките на данскиот поморски научник Ханс Сандерсон, кој во моментов ги истражува ефектите на нападот на гасоводот, на дното на морето кај Борнхолм се наоѓаат околу 11.000 тони хемиски експлозивни супстанци. Меѓутоа, тој смета дека нивното отстранување од дното на морето би можело да биде проблематично. „Сè уште не знаеме колку е опасно и ризично извлекувањето на стариот воен материјал од дното на морето. Но знаеме дека тоа е многу скап потфат“.

„Добар пристап е тоа што сега постојат дополнителни, но информации покрај тие добиени од властите. Кога би било можно да се најдат уште фрагменти од цевководот на локацијата на експлозијата и кога тие форензички би се истражиле, можеби би добиле подобар увид во она што навистина се случило“, вели форензичарот и експерт за експлозиви Волфганг Шпир.

Но, каде се деловите од цевките односно од гасоводот кои недостигаат? Според Шпир, досега достапните информации откриле необјасниви контрадикторности. Затоа научникот се прашува зошто не се најдени делови од цевките. Бидејќи, ако се уништени околу 250 метри од гасоводот, материјалот не би требало да исчезне. „Во текот на истрагата би морало да се најдат поголеми објекти кои би можеле да пружат информации за позадината на пукањето односно оштетувањата на гасоводот“.

Според овој експерт, лошо е тоа што властите даваат оскудни информации, што отвора простор за шпекулации. Ова не е соодветно однесување во време на криза. Четирите дупки, од кои гасот истече во морето, беа откриени во септември 2022 на двата крака на гасоводот Северен тек. Шведските истражители истекувањето на гасот во морето го припишуваат на експлозии предизвикани од напади. Властите за сега молчат за тоа кој би можел да биде осомничен, односно кој би бил одговорен за нападите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе