Раша тудеј

Нов филм за Косово: „Силата на НАТО не е во тенковите, туку во пропагандата“ (ВИДЕО)

Ново промотивно видео на НАТО, објавено пред неколку дена на Јутјуб, ја прикажува мисијата на воениот пакт на Косово од 1999 година.

Заменик-помошникот на генералниот секретар на НАТО Џонатан Периш во еден момент во видеото кажува дека конфликтот на Косово создал хуманитарна криза што станала закана за стабилноста на регионот, и дека затоа интервенцијата била неопходна.

„Она во што НАТО сака да ја убеди јавноста е дека немале избор освен да интервенираат бидејќи косовските Албанци се бореле со политиката на етничко чистење која ја спроведувал тогашниот претседател на СРЈ Слободан Милошевиќ кој не бил заинтересиран за мирно решение“, наведува Небојша Милиќ, новинар на Раша тудеј.

„Мирното решение што го предложи Алијансата всушност беше ултиматум за кој се знаеше дека ќе биде одбиен“, додаде тој.

По одбивањето на предлогот на пактот, почна бомбардирањето на 24 март 1999 година кое траеше 78 дена. Периодот по завршувањето на судирот го одбележа донесувањето на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации која го гарантира територијалниот интегритет, попат допуштајќи интернационална мировна мисија: КФОР.

„Кога КФОР реши да ја заврши работата, тоа го направи за да ги обезбеди неколкуте преостанати Срби во расфрланите енклави, опкружени со боцкава жица и под постојана закана од страна на Албанците. Една од таквите енклави е и Грачаница, каде НАТО нашле сопственик на ресторан кој (за потребите на видеото) го натерале како заложник да чита однапред напишани реченици“, пишува Милиќ.

Командантот на КФОР во тоа време, францускиот генерал Ксавиер де Марњак, во 2007 година кажа дека етничките тензии во тој регион ќе го доживеат својот „биолошки крај“ бидејќи сите преостанати Срби ќе умрат од старост.

„Се наметнува прашањето, зошто НАТО токму сега одлучи да го објави видеото? Годишнината на интервенцијата на КФОР беше во јуни, годишнината од војната е во март. Датумите не се поклопуваат. Освен, нормално фактот што пред една недела претседателот на Франција Емануел Макрон прогласи дека НАТО умира. Секако дека видеото било во продукција повеќе од една недела, но не би ме чудело некој да побрзал со неговото објавување за на НАТО да му даде средство во борбата против наративот на Макрон. Силата на НАТО пактот не е во бомбите и тенковите, туку во способноста да управува начинот на гледање на нештата“, заклучува Милиќ.

Навивачите на Шкендија, „балистите“, уште еднаш ќе навиваат против земјата во која живеат. Овојпат нивната поддршка ќе ја има Косово, кое на 26 март во Скопје ќе излезе на исклучително важен дуел против Македонија.

повеќе

Не ми се верува дека кај нас некој си одбор дебатирал и одлучувал за ова ребрендирање. Повеќе ми личи на пост-празнична летаргија.

повеќе

Потребна е промена на Законот за влада и на Изборниот законик, со која ќе се воведе правилото избор на автентична техничка влада која би владеела за време на изборниот процес, од распуштањето на парламентот до формирањето нова влада односно за време на изборната кампања.

повеќе