Њујорк тајмс: Ја користи ли Русија Србија за предизвикување судири?

Западните дипломати се прашуваат дали Русија ја користи Србија за создавање раздор во Европа и нови судири меѓу земјите од поранешна Југославија за да го сврти вниманието на НАТО од војната во Украина, додека претседателот на Србија Александар Вучиќ ја отфрла етикетата „мал Путин“ со агресивни намери кон соседите, пишува американски Њујорк тајмс.

EPA-EFE

Весникот пишува дека стравовите од руското влијание врз Србија се засилени по минатонеделните тензии околу регистарските таблички на Косово, што доведе до протести, блокади и пукање.

Руските медиуми со месеци објавуваат запаливи извештаи за репресијата над Србите на Косово и во Босна и Херцеговина, оценува Њујорк тајмс, додавајќи дека тие претставуваат реприза на „руската пропаганда за патењето на етничките Русите кои живеат во Украина“, која ги охрабрува тврдокорните, проруски националисти.

„Русија смета дека колку повеќе време Западот ќе помине потејќи се на Балканот, толку помалку време ќе помине потејќи се во рускиот двор“, вели за американскиот весник истражувачот во Белградскиот центар за безбедносна политика Вук Вуксановиќ.

Одбивањето на Србија да ѝ воведе санкции на Русија, пишува американскиот весник, им дава повод за критика на оние кои сметаат дека Вучиќ работи во корист на Кремљ.

Така премиерот на Косово Аљбин Курти во април го нарече Вучиќ „малиот Путин од Србија“ додавајќи дека Србија „остана единствената земја во Европа која одби да ѝ воведе санкции на Русија“.

Вучиќ овие обвинувања ги отфрли, потсетува весникот.

Кажа дека „Курти сака да биде мал Зеленски кој се бори против малиот Путин“ и дека поради тоа го претставува како „ужасен националист кој сака да војува со сите, што воопшто не е вистина“.

Весникот потсети и на неодамнешната изјава на пратеникот на Српската напредна партија во парламентот Владимир Ѓукановиќ за „денацификација“ на Балканот, и тоа го спореди со целите на Русија во Украина и идејата за „голема Србија“ од 1990-тите години, што Вучиќ го нарече „неодговорно“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе