петок, 29 март 2024

Ројтерс: Италијанските воздухопловни сили пресретнале два руски авиони над Балтичко Море

Италијанските воздухопловни сили соопштија дека пресретнале неидентификувани летала кои летале над меѓународните води во Балтичко Море, а два одбранбени извори во Рим ги идентификувале како руски авиони, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Двете пресретнување ги извршиле во четвртокот и петокот наутро италијански авиони „јурофајтер“ со седиште во полската база Малборк во рамки на мисија на НАТО, се наведува во соопштението.

По завршувањето на активностите италијанските авиони се вратиле во полската база, додава авијацијата, не наведувајќи други детали.

Двата одбранбени извори кажале дека руските летала ги забележале радари, но не одговориле на радио сигналите и барањата за комуникација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ