Њу сајентист: Зошто Британија не ја фати втор бран на коронавирусот?

И покрај предупредувањата на некои експерти дека ублажувањето на мерките за ограничување би можело да доведе до втор бран на коронавирусот, односно повторен раст на бројот на инфекции, на 11 мај на Англичаните им беше повторно дозволен влез во парковите како и вежбање во нив, во јуни отворија и продавниците, а на 4 јуни почнаа повторно да работат пабовите, рестораните и кафичите, а во саботата беа ублажени насоките за социјална дистанца.

EPA-EFE

Џени Херис, заменичка на водечкиот медицински експерт во Англија, на конференција за новинарите минатиот четврток кажа дека секогаш постои шанда за повторен пораст на бројот на заразените во Британија.

Англија, имено, ги ублажи мерките побрзо од остатокот на Британија и голем дел од Европа. Властите сметаат дека тој потег бил оправдан бидејќи бројот на инфекции во Британија паѓа од април, кога достигна и над 8.000 случаи на ден, пишува Њу сајентист.

Можни причини

Една од причините зошто досега сепак не се случи втор бран во Британија е доаѓањето на летните денови на северната хемисфера. Некои истражувања упатуваат дека, како и кај другите респираторни вируси, коронавирусите остануваат подолго активни на површините кога воздухот е постуден и помалку влажен. Сепак, сѐ уште не е јасно дали коронавирусот ќе има одлики на сезонска болест, како на пример грипот.

Повисоките температури исто така ги поттикнуваат луѓето што повеќе време да поминуваат на отворено, каде е поверојатно вирусот да биде оштетен од сончевата светлина или да одлета со ветерот. Едно кинеско истражување покажа дека 98 отсто од високото ниво на пренесувањата на вирусот се одвиваат во затворени простори.

„Климата може, но и не мора да биде фактор. Она што го знаеме е дека ширењето на коронавирусот е отежнато на отворено“, изјави докторот Габриел Скали.

Експертите сметаат дека постојат и други фактори поради кои досега не дошло до повторен пораст на инфекциите. Имено, околу половина од смртните случаи поврзани со коронавирусот во Британија беа во домовите за стари и изнемоштени лица, но сега во тие установи се воведоа многу построги мерки.

Едно од можните објаснувања е дека граѓаните продолжиле да бидат внимателни, и покрај ублажувањето на мерките. Анкета спроведена над повеќе од 2.000 жители на Британија го споредувала ставот на луѓето кон мерките за ограничување на почетокот на април со оние на крајот на мај и утврдила дека одговорноста на граѓаните во двата случаи била многу висока.

„Граѓаните цело време ги почитуваа мерките на социјално дистанцирање. Забележавме неверојатно внимание и силно разбирање на сите можни ризици кај повеќето жители“, кажа Боби Дафи од универзитетот Кингс колеџ Лондон кој работел на истражувањето.

Докторот Габриел Скали смета дека можеби е прерано за појава на втор бран бидејќи Британците почнале да излегуваат едвај пред неколку недели.

„За повторно пораст на случаите е потребно време. Сѐ уште не се случил втор бран, но тоа не значи дека згрешиле оние што го предвидуваа“, кажа Скали.

Колективен имунитет

Во последните неколку недели во неколку земји кои ги ублажија или укинаа мерките забележан е нов пораст на случаите. Израел, на пример, го погоди втор бран. Таа земја на 5 јули извести за речиси 1.000 нови случаи и повторно воведе дел од мерките на ограничување. Јужна Корја имаше само неколку нови жаришта кои потекнуваа од ноќните клубови и канцелариите. Ограничувања се повторно воведени во делови од Шпанија и некои американски сојузни држави.

Постојат назнаки дека промени во стапката на инфекциите би можеле да се случат и во Британија. Најновите бројки на британскиот Државен завод за статистика покажуваат дека полека се менуваат нивоата на падот на инфекцијата. Во градот Лестер е забележано ново жариште, поради што се вратени дел од рестрикциите.

Која и да е причината зошто засега нема пораст на бројот на заразените во Британија, сигурно е дека причина за тоа не е колективниот имунитет. Колективен имунитет значи дека доволно голем број од населението, околу 60 отсто го преболел ковид-19 и развил антитела, поради што е отежнето ширењето на коронавирусот.

Повеќе светски истражувања покажаа дека само 1 до 10 отсто од популацијата има натитела.

„Кај нас не изгледа дека многумина биле изложени на вирусот“, кажа епидемиологот Марк Вулхаус од Универзитетот Единбург.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе