Низ Грција се шири нова дрога: евтина е, брзо дејствува, а последиците се страшни

„Грчкиот кристал мет“, дрогата позната и како „сиса“, се шири низ Грција. Но, тоа е дрога која е поопасна од амфетамините и нанесува поголема штета на телото на човекот што ја консумира, пишува Дојче веле.

Аристотеловата улица во Солун стана местото на кое се собираат „петамените“, односно „отфрлените“, односно сиромашните алкохоличари и зависници од дрога, кои често се и бездомници. Тоа стана главното место за трговија со синтетичката дрога слична на метамфетаминот.

Но, проблемот со дрогите во Грција е табу тема и многумина зборуваат дека тој проблем постои само во Атина.

Сепак, психијатарот и експерт за зависности од дрога, Клеантис Гривас, смета дека таквиот начин на однос кон дрогата „сиса“ не може да биде полош.

Наведува дека уште името е проблематично. Грчкиот поим сиса (се изговара и шиша) доаѓа од арапскиот и значи „шише“ или „водено луле“.

„Тој назив воопшто не ми се допаѓа. Тоа доведува во заблуда. Подобро е да се каже што е тоа: разреден метамфетамин. Тоа е прилично точен назив. Метамфетаминот се меша со сѐ и сешто: хлор, алкохол, акумулаторска киселина. Тоа ја намалува цената: само две или три евра чини една доза сиса на улиците на Солун“, вели Гривас.

Тој додава дека тврдењето дека сиса е грчки изум е мит кој го создале медиумите.

„Прашањето е каде се произведува главната состојка, значи метамфетаминот. Тој доаѓа од странство. Во Грција тој само во тајни работилници се меша со други нешта“, вели Гривас.

На консументите им е сеедно. Ним, изгледа, не ги загрижуваат ни фаталните нуспојави за нивното здравје. Дрогата сиса дејствува брзо, но брзо попушта и нејзиното дејство.

Затоа зависниците се постојано во потрага по неа во близина на споменикот на Венизелос или во темните улички околу железничката станица во квартот Вардарис.

Зависниците тука се дел од вообичаената слика и речиси неупадливи. Поинаку е со консументите на сиса. Тие за многу кратко време многу стареат и тука се разликуваат од зависниците од хероин или алкохоличарите: со испиено лице, изгниени заби, тела како костури.

„Сиса е последниот чекор во кариерата на еден зависник од дрога“, вели Дамијанос Дуцис. Тој со години бил зависник од алкохол и дрога, а сега води приватна канцеларија за помош на зависниците наречена „Оаза“, која се наоѓа во центарот на Солун каде зависниците и членови на нивните семејства можат да добијат психолошка помош.

Но, зависниците од сиса многу ретко се обраќаат во оваа канцеларија. Повеќето уште одамна престанале да се борат против зависноста.

„Луѓето што доаѓаат до сиса не се почетници во светот на дрогата“, вели Дуцис.

Голем број консументи веќе консумирале и хероин, но повеќе не можат да си го дозволат. „Тоа се луѓе кои земаат сѐ што ги опива. Купуваат сѐ што ќе им се понуди на улицата“, заклучува Дуцис.

Економската криза ја доведе земјата во катастрофална состојба, а младите сѐ почесто завршуваат како зависници без перспектива.

Од страв за сопствената егзистенција и несигурната сегашности, многумина веруваат дека иднината не носи ништо добро.

Дамијанос Дуцис го разбира тоа. Тој е поранешен зависник и знае дека всушност станува збор за преземањето одговорност за себе за да се надмине болеста.

Сепак, тој сака поотворен однос со таа тема, особено од страна на државата.

„Сѐ додека од вистинските проблеми се прават табу теми, дотогаш ќе има побарувачка за дрогите како сиса“, заклучува Дуцис за Дојче веле.

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе