Војната на црногорските кланови

„Нивната војна нема граници“ (ВИДЕО)

Шкаљарскиот клан е обезглавен со убиството на Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ во Атина. Се претпоставува дека зад нивната егзекуција стои соперничкиот Кавачки клан.

Пресметките на двата криминални клана од улиците на Црна Гора се пренесоа и во други европски држави – Германија, Холандија, Австрија, за последната пресметка да се случи во Грција.

Како што изјави српскиот министер за внатрешни работи, во Србија, која се смета за главно прибежиште на црногорските мафијаши, во моментов не се наоѓаат највисоките организатори и извршители на тешки дела од криминалното подземје.

Во Србија се наоѓа само Јован Вукотиќ, кој е во затвор. Вукотиќ, покрај убиениот Дедовиќ, беше лидер на Шкаљарскиот клан. Неговиот брат Игор е во бегство.

Слободан Кашќелан и Радоје Звицер, лидерите на соперничкиот Лавачки клан, во моментов се на слобода.

Милан Стојановиќ, српски новинар на црна хроника, вели дека оба е „продолжување на крвавата војна, до истребување – нивната војна нема граници“.

Двата клана до 2014 година сочинуваа еден клан. По поделбата, во последните пет години траат нивните пресметки.

Припадниците на двата клана во 2016 година се договорија дека сите мажи постари од 16 години се можни мети.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе