Ни ТВ водителот ни поранешниот телохранител не можат да ја задржат власта, на повидок се трети избори во Бугарија

Политичката криза која во последните месеци ја тресе Бугарија можеби најдобро може да се опише како (потенцијално мрачен) период меѓу два режими.

EPA-EFE

По двата парламентарни избори во април и јули, формирање на влада сè уште не се наѕира во земјата која е навикната да ги „крунисува“ своите политички „месии“ – од Иван Костов и Симеон Сакс Кобург Готски, до поранешниот премиер Бојко Борисов.

Меѓутоа, новата ѕвезда во подем, пејачот и телевизиски водител кој влезе во политичките води Станислав „Слави“ Трифонов, не се покажа доволно „месијанска“ за да собере доволна поддршка во најсиромашната земја во ЕУ, и покрај Борисов. Партијата од десниот центар ГЕРБ на Борисов стана втората партија која се откажа од обидите да формира нова влада, па се чини дека земјата нема да може да избегне трети избори.

За да се разбере зошто тоа се случува, анализата на моменталниот хаос е помалку релевантна од расплетот на 12-годишната ера во која Борисов беше најважниот политички играч.

Тоа исто покажува дека, иако причината за моменталниот парламентарен застој е што многу Бугари сакаат промени, нивниот број не е доволно голем за таа промена да се постигне.

Спор пад

Трети избори не би биле крај на светот во Бугарија – Израелците во две години гласаа четири пати. Меѓутоа, за разлика од поранешниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху, кој некогаш го имаше прекарот „кралот Биби“, неговиот поранешен бугарски колега Борисов нема јасен наследник како „крал“ на политичкиот систем, без оглед дали станува збор за доволно моќна личност или, како во случајот на Израел, тим на вешти политичари кои се обединија околу една цел.

Борисов, поранешен телохранител, ја подели нацијата, но беше вешт во политичкото надмудрување на своите непријатели, оценува Балкан инсајт. Неговиот проблем беше во тоа што, колку повеќе беше на власт, толку повеќе го притискаа обвинувањата за корупција и неуспехот во јакнењето на столбовите на демократијата, а бројните прашања околу владеењето на правото и слободата на медиумите дојдоа како „шлаг на торта“ на лошиот животен стандард, покажа последниот извештај на ЕУ за Бугарија.

„Есента на Борисов“ напиша еден магазин на својата насловна страница во септември 2018 година, повикувајќи се на славната книга на Габриел Гарсија Маркес за измислениот диктатор. Борисов не е диктатор, но неговата политичка „есен“ траеше долго откако насловната беше објавена, а сè уште не е јасно дали конечно дојде неговата зима.

Неговиот пад беше спор, делумно поради релативната политичка и економска стабилност на Бугарија (главно поради членството во ЕУ), а делумно поради недостигот од силна алтернатива. Актуелните опции се појавија во текот на минатогодишните протести кои ги придвижи таканаречениот „инцидент на плажата“ и одлуката на главниот обвинител Иван Гешев да изврши упад во Претседателството.

Гласовите на „протестот“ не беа доволно бројни

Во тоа време 62 отсто од Бугарите ги поддржуваа протестите. Иако демонстрантите обично се броеја во илјади, а не во милиони, предизвикаа меѓу политичарите борба за срцата на незадоволните.

Како резултат на тоа се појавија неколку партии кои себеси се сметаат за „партии за промени“. Протестите нагло ја зголемија поддршката за Демократска Бугарија, четврта по големина партија во земјата, која ги претставува главно урбаните, образовани гласачи. Организаторите на протестите ја формираа својата партија Стани!, која исто така го помина изборниот праг.

Возејќи се на бранот на популарноста која ја стекна на референдумот во 2016 година, партијата на Трифонов Има таков народ (ИТН) го зазема второто место на априлските избори. Меѓутоа, не можеше да добие мнозинство ни со помош на другите партии за „промени“. Беше прва на изборите во јули, но со само 24 отсто гласачки ливчиња.

Предлогот на кабинетот на Трифонов „земи или остави“ не нуди ништо во замена за поддршката на другите партии, на ни втор пат не успеа да формира влада. Претпоставуваше дека партиите за „промени“ ќе поддржат секоја „влада водена од промени“, меѓутоа не беа спремни да останат без свои лица на истакнатите позиции, а нивните јавни кавги ги нарушија коалициските преговори.

Мистерија е дали Трифонов има план или е само неискусен. Но кризата не е само поради него. Трите „партии за промени“ немаат доволно пратеници за мнозинство. Излезноста во јули беше само 42 отсто, најниска во Бугарија кога било. Според истражување на Галуп, милионите кои ги поддржаа протестите не беа убедени да го дадат гласот на ниедна од трите партии кои се свесни за тоа, па го искористија краткотрајниот парламент формиран по априлските избори за да се тркаат во добивањето поддршка од народот со предлагање нови закони. Секоја од трите партии пази на негувањето на сопствениот имиџ, надевајќи се тоа ќе ѝ помогне на следните избори.

Но, главниот проблем е тоа што никој не е толку силен колку што Борисов беше на самиот врв – дури ни самиот Борисов. Никој повеќе не може лично да поставува правила, дури и ако победи на изборите. Поддршката за промени не стигна до гласачките кутии, а ако тоа и се случи следниот пат, таа нема да отиде кај нов „крал“ или „кралица“. На тоа мора да се навикнат и Борисов и Трифонов, и другите. Дали некогаш ќе може да се воведе нов режим кој ќе се врти околу сеприсутниот лидер е отворено прашање.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе

Неделава во Тирана за првпат 31 прехранбена и 6  дистрибутивни компании од регионов заеднички ќе настапат на саемот во организација на Коморскиот инвестициски форум кој го предводиме ние.

повеќе