„Нема повлекување на признавањата, почнува офанзива на Косово. Грција е една од државите“

Косовскиот професор по меѓународно право Африм Хоти изјави дека одлуките за признавање на некои држави според меѓународното право се неотповикливи.

EPA-EFE

Тој тврди дека „наводните повлекувања на признавањата на косовската независност од страна на одделни африкански и азиски земји се шпекулации кои Србија ги користи за внатрешна политичка употреба“.

„Повлекување на признавање не постои како пракса во меѓународното право, поради тоа дефинитивно мислам дека тоа се нагаѓања. Меѓутоа, имајќи предвид дека земјите од третиот свет, како Африка и Азија, немаат консолидирани демократски системи тие може да бидат изложени на евентуален притисок од трети страни, во овој случај од Република Србија или некои нејзини поддржувачи, како Кина и Русија. Инаку, ова е дефинитивно само тема на политички дебати и шпекулации и нема врска со реалноста“, кажа Хоти за Косово онлајн.

Наскоро истекува рокот од една година откако Косово во Вашингтон се обврза дека ќе го прекине лобирањето за признавање на независноста и дека нема да аплицира за членство во меѓународните организации.

Хоти очекува по едногодишниот мораториум да почне дипломатска офанзива на Приштина и дека на тој пат ќе добие целосна поддршка од водечките држави на Западот, кои се заслужни за косовската независност.

„Со истекот на овој рок ќе се направи добар момент за почеток на признавањата, бидејќи ова прашање е процес кој веќе не може да се врати. Сигналите кои ги даваат Соединетите Американски Држави, и особено оние од страна на (турскиот претседател Реџеп Таип) Ердоган охрабруваат дека по завршувањето на мораториумот ќе се продолжи со кампањата за признавања што е можно побрзо“, наведе Хоти.

Според него, отворањето на косовската амбасада во Ерусалим нема да има негативни последици во воспоставувањето на дипломатски односи на Косово со државите кои сè уште не донеле потврдна одлука околу косовската независност.

Конструктивниот став кон Приштина, продлабочувањето на економските односи и интензивните дипломатски посети укажуваат на можноста Грција да го смени својот став за непризнавање на Косово, што според Хоти би било многу значајно бидејќи ја отвора можноста и преостанатите европски земји да го следат нејзиниот пример.

„Грција е една од земјите која е најблиску до признавање на независноста на Косово. Дава знаци и сигнали дека може да го признае Косово како независна држава, а заканите од Србија се непримерни“, заклучи Хоти.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе

Неделава во Тирана за првпат 31 прехранбена и 6  дистрибутивни компании од регионов заеднички ќе настапат на саемот во организација на Коморскиот инвестициски форум кој го предводиме ние.

повеќе