Неизбежното финале на сагата Северен тек 2

Северен тек 2 можеби стана еден од геополитички најнапнатите енергетски проекти во историјата, но неговото завршување беше неизбежно уште пред да почне изградбата.

Европа брзо станува една од најважните дестинации за извозниците на гас. Производството се намалува брзо како резултат на политичките и техничките случувања. Следните неколку децении се надежни за извозниците. Северен тек 2 веројатно е еден од најспорните проекти што се во тек. Данска неодамна ја одобри последната неопходна дозвола за почнување со градежни активности во својата ексклузивна економска зона (ЕЕЗ), а аналитичарите сега се согласуваат дека завршувањето на проектот е само прашање на време. Во реалноста, иднината на гасоводот беше одлучена долго пред да почне изградбата поради надворешни фактори, како што се одлуката на Полска да се оддалечи од рускиот гас и решеноста на Западна Европа да го напушти производството на нуклеарно и фосилно гориво.

 

Безбеден но скап, ризичен но евтин

Достапноста и транспортот на природниот гас се одредуваат според релативното растојание меѓу потрошувачите и областа на производство. Општо правило е дека за растојание помало од 4.000 км цевководите се поекономични, додека течниот природен гас (ЛНГ) е поекономичен за растојанија поголеми од тоа. Сепак, политичките фактори ја поразуваат финансиската и техничката логика. Безбедноста на снабдувањето повеќе ја ценат земјите како Полска, кои се одлучуваат за поскапи алтернативи како што е балтичкиот гасовод.

Историски гледано, на европскиот пазар на енергија доминира Русија поради нејзината близина и огромните енергетски резерви. Сибирскиот гас е најочигледниот избор од економска гледна точка. Меѓутоа, политиката е она што во моментов доминира во индустријата за природен гас. Имајќи го ова предвид, постојаната поддршка за Северен тек 2, НС2, од западноевропските земји и компании, особено Германија, може да изгледа чудна. Но еден подетален поглед на енергетската политика во регионот и домашниот развој, генерално, даваат одреден одговор.

Европското производство драматично се намалува, пред сè поради исцрпувањето на старите гасни полиња. Исто така, политичките мотиви го отежнуваат производството, како во Холандија, каде што потресите, наводно поради извлекувањето гас, ја намалија политичката поддршка за индустријата. Најголемиот единечен гасен резервоар во Европа, полето Гронинген во Холандија, ќе престане со работа во 2022 година. Затворањето на овој гасен гигант беше уште една причина за поддршка на изградбата на НС2.

 

Притисокот на Полска за диверзификација

Полска е еден од најсилните противници на НС2. Оваа источноевропска земја тврди дека Москва се обидува да ја подели Европа со заобиколување на традиционалните транзитни земји на исток и зголемување на зависноста на побогатиот запад, пред сè Германија. Варшава, пак, има финансиски мотиви да се спротивстави на проектот затоа што „Газпром“ има за цел да го извезува својот гас директно во Германија наместо преку земјите што ги смета за „несигурни“, како што се Украина и Полска. Оваа мерка ќе ја чини Источна Европа милијарди секоја година во изгубени транзитни такси.

Полска ги диверзифицира, односно го проширува изборот на добавувачите со изградба на подводен гасовод од Норвешка преку Балтичко Море. Данска неодамна доби дозвола за изградба на инфраструктурата во ЕЕЗ. Гасоводот се планира да проработи пред 2022 година, кога ќе заврши договорот за увоз на Полска со „Газпром“.

Увозот на норвешки гас ќе има несакани последици за енергетската безбедност на другите земји. Балтичкиот гасовод е дизајниран да извезува 10 кг природен гас годишно. Норвешка произведе 121,7 милијарди кубни метри во 2018 година, што е намалување од 124,2 мкм во 2017 година. Иако се очекува производството благо да се зголеми, гасоводот ќе ја намали достапноста на природниот гас за традиционалните клиенти во Западна Европа.

Особено Германија, која има намера да ги затвори своите нуклеарни и централи на јаглен до 2022 и 2038 година, бара стабилно снабдување со евтин природен гас за да се пополнат празнините и да се надополнат непостојаните обновливи извори. И покрај тоа што има доволно капацитет за увоз на течен природен гас низ цела Европа, евтиниот гас од цевки останува најразумниот економски избор за компаниите.

 

Не е толку мрачно

Дискусијата за НС2 е неизбежно поврзана со Украина затоа што потребата за гасовод се роди поради конфликтот меѓу Москва и Киев околу цените и снабдувањето. Украина заработува приближно 3 милијарди евра секоја година од транзитот на рускиот гас. Исто така, Киев тврди дека неговата позиција за преговарање со „Газпром“ за продолжување на долгорочните договори за гас ќе биде ослабена доколку ја изгуби својата стратегиска транзитна функција.

И покрај политиката на Москва за заобиколување на гасната инфраструктура на Украина, земјата ќе ја задржи својата важност за европската енергетска безбедност и ќе има ист извозен капацитет како НС2 и Турски тек. Земјата извезе 86,8 милијарди кубни метри гас во 2017 година, додека НС2 и Турски тек имаат капацитети од 55 мкм и 31,5 мкм.

Скоро 150 мкм природен гас се потребни за да се пополни јазот во побарувачката на Европа до 2025 година, а Русија е единствената што го има потребниот капацитет да стане стабилен производител. Инфраструктурата на Украина останува клучна за стратегијата на Москва да го зголеми извозот кон континентот и да ја зајакне својата позиција како стратегиски и витален снабдувач на енергија. Изградбата на НС2 можеби е удар за Киев, но европскиот пазар е подготвен значително да се промени во текот на следните неколку години, а Украина сè уште има голема моќ во оваа игра.

Извор: Оилпрајс

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе