Атлантик

Не Него, нив

Кој ќе го води сега движењето на Берни Сандерс?

Берни Сандерс никогаш нема да биде претседател. Џо Бајден нема да го избере него за потпретседател. Тој нема да влезе во кабинетот. Тој ја истрча својата последна трка - ќе има 82 години кога неговиот сегашен мандат во Сенатот ќе заврши во 2024 година, а луѓето што му се блиски се сигурни дека за него тоа ќе биде тоа.

Но кој ќе биде на гласачкото ливче во 2024 година, обидувајќи се да го продолжи движењето што тој го поттикна? Кој ќе го заземе местото на Сандерс во срцата и на маичките на прогресивците? Кој би можел да се поврзе толку длабоко, толку широко, со таква сила на личноста? Погледнете ги луѓето што ја поддржаа кампањата на Сандерс. Може ли некој друг во американската политика да биде прифатен од Ево Моралес и од Џек Николсон; од Џеси Џексон и од 37-годишниот градоначалник на Џексон, Мисисипи; од хипстерските прогресивци и од обичните работници?, пишува Атлантик.

Најмногу се споменува Александрија Окасио-Кортез, њујоршката конгресменка и политичка сензација. Други членови на „составот“ - Илхан Омар, Рашида Тлаиб и Ајана Пресли - исто така се споменуваат, како и фигурите поблиски до естаблишментот, како Примила Џејапал и Марк Покан...

Ова е чуден момент за сандеровскиот прогресивизам. Без пандемијата на коронавирусот, изминатиот месец ќе беше политички понижувачки за сенаторот. И покрај сите фалби што си ги даде во својот говор за тоа колку луѓе се согласуваат со него за темите, тој не ги доби гласовите. Неговата теорија за расата, и за демократските предизборни гласачи, беше погрешна. Тој успеа повеќе да си ја влоши оваа кампања, во која влезе како фаворит со огромна поддршка и познато име, отколку како многу помалку познат кандидат во 2016 година. Потроши значително повеќе пари од Бајден, кој сега е веројатниот демократски кандидат. Всушност, тој потроши повеќе пари губејќи ја претседателската номинација од кој било друг во историјата, освен Мајкл Блумберг.

Но не мора да останете без работа, или да се мачите со учењето на вашите деца од дома, или да им се заблагодарувате на работниците со минималец зашто со маски на лице возат камиони и ги полнат полиците со храна, додека милијардерите се вкопани во своите хациенди со слугинки околу себе, за да знаете дека светот сега ќе биде различен. Тој веќе е различен. Национализираната здравствена заштита, Зелената нова зделка и простувањето на студентските заеми беше исто толку тешко да се замисли како и складирањето тоалетна хартија. Конгресот неодамна го донесе најголемиот пакет за помош во историјата и очигледно ќе стори повеќе, наскоро. Невработеноста тргна кон нивоата на Големата депресија. Идеите што наводно најпаметните луѓе во Вашингтон, и во двете најголеми партии, ги имаа отпишано како премногу скапи или непрактични, стануваат вообичаени. („Кога зборуваме за неопходни луѓе, не зборуваме за менаџери на хеџ-фондови“, рече Сандерс во едно интервју.)

Сандерс го смени народното мислење преку своите кампањи, вели Атлантик. Тоа е оној оптимизам за кој и понатаму се држат сојузниците на Сандерс додека се обидуваат да гледаат напред.

„Тоа е цело движење, бидејќи се во прашање основните работи. Можеме ли заедно да се бориме против некои работи? И покрај тоа што сме социјално изолирани, сите доживуваме една иста работа. Луѓето се гладни, сакаат да направат нешто“, вели еден поддржувач на Сандерс.

Можеби на движењето на Сандерс не му требаат водачи. Некои од неговите приврзаници имаат идеалистичко чувство за движење што продолжува да создава промени од дното нагоре, на начинот на кој Сандерс вели дека се надева дека ќе се случат.

„Она што мислам дека го направија кампањите на Берни, и она што го направија напорите на Берни надвор од кампањите, е што помогнаа да се создаде мрежа што е далеку посилна отколку кога би се потпирала само на еден лик“, вели заменик-гувернерот на Вермонт, Дејвид Закерман.

Но Сандерс успеа да ги вметне своите идеи во мејнстримот и да одгледа нова генерација на прогресивци на функции токму поради тоа што неговата претседателска кампања беше толку успешна. Прогресивците нема да ја одведат Америка во една поинаква иднина без свој сопствен лидер. И тоа нив ги издвојува.

Може ли движењето на Сандерс да се обедини без обединувачката личност што речиси ја освои демократската номинација? Дали на движењето може дури и подобро да му оди без него?

„Toа биде тешка лекција за која луѓето треба да седнат во една соба - или всушност да седнат на Зум и да разговараат: ‘Што е поважно? Мојата гордост? Или иднината на движењето?'“, вели Стејси Вокер, супервизор на округот Лин, Ајова, и страстен поддржувач на Сандерс.

Откажувањето, рече Сандерс во својот проштален говор, „беше многу тешка и болна одлука“. По предизборите во средината на февруари тој од Невада замина како предводник на демократската номинација, а потоа гледаше како победата испарува. Изминативе шест недели тој ги помина не во заблуда дека може да направи пресврт во трката, туку размислувајќи за иднината на движењето што за малку ќе успееше да го внесе во Овалната канцеларија. Секој ден микрофонот што го држеше беше помал, но секој ден тој микрофон остануваше поголем отколку што беше во текот на целиот негов политички живот.

„Иако патот сега може да биде побавен, ние ќе ја промениме оваа нација и, со пријатели низ целиот свет, ќе го промениме целиот свет“, рече Сандерс завршувајќи го својот говор. Во светот што некои приврзаници на Сандерс сега си го замислуваат, тој е како Бери Голдвотер - идеолошки визионер што инспирираше цела една генерација, иако неговата кариера заврши назад во Сенатот, вели Атлантик.

Иако Сандерс и Бајден вчера завршија заемно изразувајќи си ја истата топлина што се гледаше во текот на целата предизборна трка, сега веќе веројатниот кандидат не даде знаци дека е упатен кон лево. А поддржувачите на Сандерс не веруваат дека Бајден всушност им е верен на малкуте политички скршнувања што ги направи, со оглед на неговите ретки објаснувања зошто ги направил.

Но дури и ако Бајден биде избран од средната класа што сака да се врати статус квото и владее, поддржувачите на Сандерс веруваат дека тие секако ќе победат на крај. Еден ден, велат, Бајден и Сандерс ќе се пензионираат, а фрустрираните милениумци попрво ќе станат едни од најконзервативните демократски гласачи отколку едни од најлибералните.

„Прогресивците треба дефинитивно да размислуваат за начините на кои можевме да поминеме поуспешно убедувајќи ги гласачите што почувствуваа поголема доверба во администрацијата на Бајден и кампањата на Бајден отколку во кампањата на Сандерс“, вели Валид Шахид, портпарол на прогресивната група Демократи за правда - кој на предизборите остана неутрален сè додека не испадна Елизабет Ворен, а потоа го поддржа Сандерс во неговиот последен залет. Но „лекциите од кампањата на Сандерс се дека еден 78-годишен белец од најбелата држава во Америка освои разнолика коалиција од многу помлади гласачи. Овие гласачи се многу идеолошки. Тоа избирачко тело во иднина ќе продолжи да игра главна улога во политиката на Демократската партија и наскоро ќе ја раководи.“

Објавено

Четврток, Април 9, 2020 - 23:44

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе