Дејвид Атенборо кажува како што е

„Нашата најголема закана последниве илјадници години“ (ВИДЕО)

По една од најжешките години во историјата, сер Дејвид Атенборо ја разгледува науката за климатските промени и потенцијалните решенија за оваа глобална закана.

Интервјуата со некои од водечките светски научници за климатски промени ги истражуваат неодамнешните екстремни временски услови, како што се невидените бури и катастрофални пожари. Тие, исто така, откриваат што би можело да значи опасното ниво на климатските промени и за луѓето и за природниот свет во иднина, вели Би-би-си.

Почнувајќи ја емисијата во зелената и пријатна англиска природа, тој нè потсетува на суровата реалност дека сега се соочуваме со „глобална катастрофа предизвикана од човекот“. Сега се случува климатска катастрофа. Не само што се соочуваме со уништување на светските екосистеми, туку се соочуваме со „колапс на нашите општества“.

 

Ширење страв

Далеку од техника на заплашување, сер Дејвид објаснува дека неговата надеж е да ги опреми своите гледачи со подобро разбирање на она што го правиме на нашата планета. Доколку еден просечен човек не ги знае фактите, тогаш многу е полесно да ги закопаме нашите глави во песок и да кимаме со глава кога светските лидери и индустриите за фосилни горива велат дека климатските промени се измама. Ова тврдење изгледа речиси комично ако земеме предвид дека дваесетте најтопли години откако се мерат температурите се случија во последниве дваесет и две години.

Ова не е нешто што би можело да се случи во иднина. На милиони луѓе минатата година им беше потребна хуманитарна помош поради екстремни временски услови. Во емисијата се прикажуваат снимки од апокалиптични диви пожари во Австралија, Грција, Калифорнија, па дури и на Арктикот. Без никакво човечко влијание, над 11.000 лилјаци во Австралија починаа, бидејќи температурите едноставно беа премногу високи. Лежеа наредени на земја, вознемирувачки потсетувајќи на човечки суштества по некоја разорна природна катастрофа.

 

Застрашувачки факти

Меѓу другите застрашувачки факти и статистики се топењето на мразот во Гренланд, зголемувањето на нивото на морето и фактот дека Луизијана губи површина од еден фудбалски терен на секои 45 минути.

Како што велат експертите, за секого е многу полесно и попријатно да си каже дека ние едноставно ќе се приспособиме на новата клима. Но овој став едноставно гарантира уништена иднина. Губењето на крајбрежните области, неможноста да се произведуваат доволно храна и чиста вода, уште поекстремните временски услови и, предупредува емисијата, потенцијалните „критични точки“ се само дел од последиците.

Критичките точки се непознати, но потенцијално катастрофални и неповратни промени во нашите екосистеми. Научниците немаат начин да дознаат како системите во областите како што се Гренланд, Антарктикот и светските прашуми ќе реагираат на затоплувањето за околу 3-6 Целзиусови степени до крајот на веков. Дотогаш нивото на морињата може да се зголеми за 80 сантиметри до 1 метар. Шансите за „критични точки“ се застрашувачки и може да се видат во сите процеси на промени, но да се надеваме дека нема да чекаме да стигнеме до дното пред да направиме нешто во врска со тоа.

„Секој од нас има моќ да направи промени и да ги направи сега“, вели Дејвид Атенборо.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе