Градот 404

Напуштениот град каде Кина ги развивала нуклеарните бомби од Студената војна (ВИДЕО)

Скриен длабоко во пустината Гоби, далеку од љубопитните очи, лежи мистериозниот град познат само како „404“, кој на времето бил централната точка на почетоците на кинеската програма за нуклеарно оружје.

Името го добил по компанија која била сопственост на Кинеската национална нуклеарна корпорација, а градот бил дом на главните кинески нуклеарни експерти во ерата на Студената војна. На снимката може да се види сѐ што останало од мистериозната „база на нуклеарната бомба“.

Изграден во 1958, градот во провинцијата Гансу ги има сите обележја на кинеска населба од времето на Мао Це Тунг: правилни улици, бетонски згради и голем споменик на поранешниот лидер на кинеската Комунистичка партија.

Но симболот на нуклеарната физија поставен на зградата зад големата статуа на Мао укажува на неверојатната историја на градот, кој никогаш не добил вистинско име, само код.

На симболот ги има буквите ЦНЦЦ на Кинеската национална нуклеарна корпорација, главниот произведувач на кинеското нуклеарно оружје.

Неговиот претходник – Министерството за нуклеарна индустрија – ја развило првата кинеска атомска бомба, која била тестирана на полигонот Лоп Нур во пустината Гоби во 1964 година. Министерството подоцна станало дел од ЦННЦ.

Чи Јанг, блогер кој тврди дека бил роден во градот пред две години тврдеше дека 404 имал голем број содржини карактеристични за нормален град – театар, училиште, локална власт, зоолошка градина, забавен парк – но бил и главниот запчаник во планот на Кина да се натпреварува со светските суперсили САД и СССР.

„Во него беше и првиот воен нуклеарен реактор во Кина. Денес тој е практично напуштен. Има тврдења дека постои подземна нуклеарна база, но јас ја немам видено“, вели Ли.

„Првата генерација жители на 404 беа и неговите градители. Тие беа најдобрите од сите области на животот, одбрани од владата од целата земја да работат заедно на првата кинеска атомска бомба, важно оружје за земјата очајна да се обезбеди од напади од САД и Советскиот Сојуз“.

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе