Нападот на Менхетн: сè што знаеме досега (ВИДЕО)

На Ноќта на вештерките човек што возел изнајмен пикап-камион се качи на велосипедска патека во јужен Менхетн, Њујорк, убивајќи осуммина и ранувајќи уште најмалку 12 луѓе. Еве што се знае досега за тоа што властите го нарекоа терористички чин.

1. Осомничениот е 29-годишниот државјанин на Узбекистан и возач на Убер Сајфуло Саипов. Полицајците го застрелаа во стомакот откако возилото што тој го возеше се судри со училиштен автобус.

2. По судирот, Саипов излезе од изнајмениот пикап мавтајќи со пиштол за пеинтбол и воздушен пиштол. Тој беше застрелан од полицаец и однесен во болница, каде што е во критична состојба.

3. Цитирајќи сведоци, повеќе медиуми јавија дека Саипов извикувал „Алаху акбар“ (Бог е голем) кога излетал од камионот.

4. Саипов наводно оставил белешка на местото на настанот, велејќи дека нападот го извршил од името на ИСИС.

5. Нападот се случил на крајната западна страна на јужен Менхетн, само неколку блока од поранешната локација на Светскиот трговски центар.

6. Се дозна дека меѓу загинатите се пет пријатели од Аргентина, кои биле на одмор во градот. Една Белгијка, која била во посета на Менхетн со мајка си и сестра си, исто така е убиена. Идентитетот на другите две жртви сè уште не е познат.

7. Во твит во вторникот американскиот претседател Доналд Трамп го нарече напаѓачот „многу болен и нарушен човек“, додавајќи: „Тукушто ѝ наредив на Хоумленд секјурити да ја засилиме нашата Програма за екстремни проверки. Да се биде политички коректен е добро, но не за ова!“

8. Гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо рече дека ова е напад на „осаменик“ и дека немало докази за поголеми планови.

9. И покрај нападот, 44-тата Парада на Ноќта на вештерките во Њујорк продолжи според планираното.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе