Најмоќниот пасош во 2021 година е јапонскиот

Да постои Олимпијада за пасоши, Јапонија не би била само домаќин, туку би победила на тоа натпреварување, пишува Си-ен-ен пренесувајќи го извештајот на Хенли индекс за пасошите кој од 2006 година ги рангира патните исправи на 199 земји.

EPA-EFE

Како што наведуваат истражувачите од компанијата Хенли и партнери во првото тримесечје на 2021 година меѓународната мобилност и понатаму била само 12 отсто од нивото пред пандемијата, што значи дека „јазот меѓу теорискиот и реалниот пристап кон патувањата кој го нудат дури и добрите пасоши и понатаму е безначаен“.

Кристијан Каелин, претседателот на компанијата, вели дека иако не знаеме колку ограничувањата на патувањата ќе траат, јасно е дека глобалната мобилност ќе биде отежната барем до крајот на оваа година.

Напоменува дека во такви околности особено расте нееднаквоста. Така сопствениците на јапонски пасош можат да посетат 167 дестинации повеќе од државјаните на Авганистан, кои имаат пристап само до 26 дестинации во светот. Тоа е најголемиот јаз откако Хенли ги прави своите анализи.

Топ 10 пасошите остануваат практично непроменети како што влегуваме во втората половина од годината.

Јапонија повторно е на врвот на листата. Пасошот на оваа азиска земја ги отвора вратите на 193 држави од светот. Барем така е на хартија. Во реалниот свет, каде што владеат корона мерките, сопствениците на јапонски пасош во моментов имаат пристап до помалку од 80 дестинации во светот.

Сингапур останува на второто место со можност за влегување во 192 земји, потоа Јужна Кореја која со Германија го дели третото место со можност за влегување во 191 земја во светот.

На четвртото место се Финска, Италија, Луксембург, Шпанија, на петтото Австрија и Данска, додека Франција, Ирска, Холандија, Португалија и Шведска се заедно на шестото место.

САД и Британија се на седмото место, заедно со Швајцарија, Белгија и Нов Зеланд. Моќта на пасошите на САД и Британија постепено опаѓа од 2014 година. Во теорија сопствениците на британски и американски пасош можат да отидат на 187 дестинации, а реално имаат пристап до околу 60 дестинации.

На осмото се Чешка, Грција, Малта и Норвешка, на деветтото се Австралија и Канада, а на десеттото е Унгарија.

Македонија се наоѓа на 46-тото место, со можен влез во 126 земји без виза, и од екс-ју земјите сме полоши од Словенија на високото 12 место, Хрватска на 17-тото и Србија на 38-то место. Полоши се Црна Гора на местото зад нас, и Босна и Херцеговина на 53-тото место.

Што се однесува до опашката, најлошите позиции ги заземаат земјите чиј пасош овозможува влез без визи во помалку од 40 земји од светот – Северна Кореја, Непал, Палестина, Сомалија, Јемен, Пакистан, Сирија, Ирак и Авганистан.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе