На Тирана ѝ се заканува сериозна криза

По протестите, несогласувањата меѓу претседателот и премиерот, барањето на Илир Мета за одложување на изборите и одговорот на Еди Рама дека тоа не доаѓа предвид, на Тирана ѝ се заканува криза.

По неколкумесечни протести на опозицијата и студентите, како и притаениот конфликт меѓу претседателот и премиерот на Албанија, барањето на Илир Мета да се одложат изборите и изјавата на Еди Рама дека тоа не доаѓа предвид, во Тирана е подготвен теренот за сериозна криза.

Во неделата, имено, откако претседателот на државата ги откажа локалните избори, албанскиот премиер Рама изјави дека Мета повеќе не заслужува да остане во кабинетот на претседателот, со јасна порака дека избори ќе има „сакал Мета или не“.

Тој му замери на претседателот на Албанија и за поддршката за демонстрантите што со месеци протестираат против него, Рама, владата и нивните политики, вклучувајќи го и уривањето на демократијата.

„Владата не може да ја собори никој освен гласот на народот“, рече Рама и заклучи дека локалните избори ќе се одржат, како што е предвидено, на 30 јуни.

Она што го наведе Мета тие избори да ги одложува, а единствено тој има право да ги распише, е големата загриженост што ја искажа поради длабоката политичка криза во земјата. „Со оглед на итната потреба состојбата да се смири и да се спречи непредвидливата ескалација на конфликтот“, тој, како што рече, ги презеде ризикот и институционалната одговорност и го поништи декретот со кој локалните избори треба да се одржат на 30 јуни.

Мета, како што е наведено во соопштението од неговата канцеларија, е загрижен и за имиџот на земјата во светот.

Конфликтот меѓу претседателот и премиерот се случи во време кога во Тирана се одржуваше осмиот протест на обединетата опозиција, на кој демонстрантите повторно се судрија со полицијата, каде што беа фрлани молотови коктели, а полицијата одговори со димни бомби.

Рама ја искористи приликата да упати критики и на сметка на опозицијата, наведувајќи дека таа сака да ги „закопа“ реформите во судството, но рече и дека како премиер ќе се бори со народот за правда.

Во исто време, лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша, напомена дека нивната цел е со протестите да придонесат во ослободувањето на Албанија од криминалот и дрогата, а експлицитното барање е - заминување на Рама.

Не е јасно во овој момент како судирите меѓу двајцата најмоќни мажи во Албанија ќе се одразат на ситуацијата во таа земја и како ќе завршат, и кон што водат протестите на опозицијата, а на што може да се надеваат граѓаните, но „големите“ кон оваа несигурност веќе се имаат определено со тоа што, за почеток, амбасадите на САД и на Италија во Тирана издадоа предупредување до своите граѓани дека се можни непријатности поради демонстрациите.

Покрај тоа, од Европа немаше некоја значајна реакција, освен што функционерите постојано ја повикуваа опозицијата да се врати во парламентот, кој таа го бојкотира, бидејќи, како што рекоа, само таму може да се решат спорните прашања.

Инаку, освен повеќе од 1.700 полицајци, во демонстрациите претходната сабота беа ангажирани и одреден број припадници на Националната гарда, полициски службеници од Драч и Елбасан, а во првиот полициски кордон пред албанската влада беа членови на единицата „Шкипоњат“, додека зградата на албанската влада беше оградена со метална ограда, со камери со висока резолуција и специјалните единици Ренеа и единици за брза интервенција.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе