На светот му се заканува еколошка катастрофа поради пловечките складишта за нафта

Складиштата за нафта низ светот се преполнети поради катастрофалниот пад на побарувачката по црното злато.

EPA-EFE/A.CARRASCO RAGEL

Бројни танкери се претворени во пловечки магацини кои немаат каде да се сместат, па со самото тоа ситуацијата се заканува да предизвика сериозна еколошка катастрофа, бидејќи ризиците од несреќа повеќекратно се зголемуваат, предупредуваат експертите.

Покрај тоа, на интернет се појавија и шокантни снимки на кои може да се види како танкери во Венецуела во огромни млазеви ја истураат нафтата директно во морето.

Покрај тоа, не треба да се заборави дека на крајот на аорил во Балтичкото Море во близина на брегот на Полска беше откриена огромна нафтена дамка долга 34 километри и широка речиси километар и пол. Експертите се уверени дека настанала поради излевање на нафта од танкер кој минувал низ загаденото место. Многу слични дамки се почесто се појавуваат покрај бреговите на другите земји произведувачи на нафта.

Доколку нафтата излеана во океанот стигне до копното, ќе се случи трагедија.

Според рускиот експерт Игор Шкрјадук, негативните последици најпрво ќе ги почувствуваат растенијата и мекотелите, потоа рибите и другите морски животни, со кои се хранат луѓето.

Експертот објаснува дека со секој изминат ден од моментот на излевањето на нафтата секоја капка е сѐ понедофатлива во водената средина. Поради тоа, трошоците за отстранување на еколошката катастрофа се зголемуваат со секоја минута. Во тропските мориња, на пример, собирањето на нафтата чини повеќе од нејзината пазарна вредност.

Во април 2010 се случи експлозијата на нафтената платформа Дипвотер хорајзон во Мексиканскиот Залив, поради што дојде до истекување на нафтата и создавање нафтена дамка. Дамката се рашири на речиси 1.000 километри. Излевањето на нафтата се закануваше на изумирање на повеќе од 400 животински видови.

Траеше повеќе од половина година, и за тоа време околу пет милиони барели нафта стигнаа во морето. „Жртви“ на експлозијата во САД беа риболовот и туризмот. Тој настан се смета за најголемата еколошка катастрофа во историјата на САД.

Експертите предупредуваат дека последиците од еколошката катастрофа која во моментов му се заканува на светот може да биде пандан на штетата направена во Мексиканскиот Залив, па дури и да ја надмине.

Според рускиот експерт за енергетскиот сектор, професорот Владимир Тетелмин, во моментов по океаните пловат најмалку 4.000 големи танкери во близина на главните светски пристаништа за претовар на енергенси – во нивните резервоари има најмалку 400 милиони тони нафта.

За да биде појасен размерот на количеството, тоа е повеќе од половина од вкупното годишно производство во Русија. Колку повеќе се наоѓаат на море, поголем е ризикот да се случи несреќа на неколку транспортни средства одеднаш, од кои секое може да превезе до сто илјади тони нафта.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/A.CARRASCO RAGEL

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе