На султанот му се ниша престолот

Кога Реџеп Таип Ердоган дојде на власт во 2003 најпрво важеше за либерален реформист кој сака да ја внесе Турција во Европа. Сепак, критичарите уште тогаш предупредуваа дека тој е „волк во јагнешка кожа“ и дека влегол во „возот на демократијата“ само за во вистинскиот момент да излезе од него, пишува Дојче веле.

Критичарите беа во право: Ердоган тој воз навистина го напушти – веднаш откако му појде од рака да ги развласти своите секуларни противници во војската и правосудството. Од тогаш тој е во сосема поинаков воз – во насока на султанат. Почна патувањето во османлиското минато.

Ердоган го враќа времето наназад

Во годините што следеа тој патник никој не успеа да го сопре. Суверено, дури речиси виртуозно тој отстранување една пречка по друга. Без проблем ги преживеа протестите во паркот Гези, корупцискиот скандал и обидот за преврат. Во јуни 2018 воведе претседателски систем кој му дава специјални овластувања – „режимот на еден човек“ беше роден.

Денес султанот е на својот прстол во новоизградената палата во Анкара која има 1.000 простории. Сонот му е во 2023 кога навршуваат 100 години од основањето на модерна Турција – да ја почне неоотоманската ера. Но, минатата 2019 година му донесе пресвртница и на чекор до неговата цел неговиот престол се ниша.

Економската криза е почетокот на крајот

Ердогановата моќ почна да се рони во летото 2018 кога малку по малку почна да пристигнува сметката за погрешните мерки во економската политика. За да го одржи системот на непотизам тој едноставно инвестираше во градежниот сектор. Поради тоа турската економија е помалку продуктивна и во моментов е во криза поради жестоките монетарни турбуленции. Невработеноста, особено меѓу младите е рекордно висока.

Незадоволството меѓу населението го предизвика пред сѐ зголемувањето на цените на основните животни намирници како овошјето и зеленчукот.

На локалните избори на крајот на март во важните метрополи победата ја однесе опозицијата. Особено е болно губењето на Истанбул – неприкосновениот економски центар на Турција со полна градска благајна. Тоа се пари кои се неопходни за да остане на власт.

„Оној кој ќе го изгуби Истанбул ја губи цела Турција“

Затоа Ердоган не сакаше да се откаже од власта туку така: изврши притисок врз изборната комисија, ја принуди на нови избори. Без успех. Бидејќи, на сцената стапи една нова политичка ѕвезда: Екрем Имамоглу.

Овој социјалдемократ не се вознемири, на омразата на владата ѝ се спротивстави со љубезност. Имамоглу однесе јасна победа на повторените избори против Ердогановиот кандидат Бинали Јилдирим. И тоа не беше последниот удар: Имамоглу е многу популарен, дури се зборува дека има шанси да стане претседател.

Притисок од надвор и од внатре

Ердогановиот пораз на изборите е резултат на неговата стратегија на поларизација и тоа му се одмазди. Најразлични опозициски партии – исламисти, националисти, социјалдемократи и леви либерали – за првпат се обединија против заедничкиот непријател Ердоган.

Неговата моќ ја снемува и во редовите на сопствената партија – АКП веќе ја напуштија речиси милион членови. Некогашните блиски соработници, како поранешниот премиер Ахмет Давутоглу, поранешниот министер за финансии Али Бабаџан или поранешниот претседател Абдула Ѓул, формираат нови партии. тие на Ердоган ќе му земат гласови од конзервативниот табор.

Со многу упорност и сина волја Ердоган за 16 години стана султан на Турција. Опремен со овластувања речиси како да е монарх, изгледаше неприкосновен на својот трон. Но, минатата година ненадејно донесе пресврт, и многу нешта сега се против султанот.

Турција во 2023 година слави стогодишнина од формирање на модерна Турција, односно од укинувањето на султанатот.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе