На собирот на Движењето на неврзаните во Белград пристигнаа делегации од над 100 држави

Дводневниот самит на Движењето на неврзаните земји, организиран по повод 60-годишнината на првото заседание на тоа движење во 1961, почна во српската престолнина со порака на претседателот Александар Вучиќ дека Белград денес на светот му испраќа порака на мир.

EPA-EFE

Домаќини на денешниот самит се Србија и Азербејџан, а на собирот учествуваат повеќе од 100 земји, девет делегации на меѓународни организации и 40 министри за надворешни работи од неврзаните земји.

„Мирот е основа за развој, соработка во областа на политиката, културата, економијата“, кажа Вучиќ и истакна дека Србија, како легална наследничка на СФРЈ, „е горд промотор на политиката на мултилатерализмот и меѓународното право“.

Вучиќ на отворањето на собирот порача дека Белград секогаш бил „крстопат на цивилизациите, културите и место на спојување на Истокот и Западот“.

„Светот сега на многу начини е поинаков отколку пред 60 години, а денес е повеќе од кога било потребно да работиме на јакнење на мултилатерализмот“, оцени српскиот претседател.

Тој порача дека е време за обновување на идејата за политичка независност и заедничко дејствување на слободните земји од светот.

И претседателот на Азербејџан, претседавачката држава на Движењето на неврзаните, Илхам Алиев на почетокот на собирот порача дека „денес се случува историски настан“.

„Оваа иницијатива ја покажува спремноста на Србија да го преземе наследството. Движењето играше важна улога на меѓународната сцена, посветено на мирот и правдата во светот“, истакна Алиев, кој на учесниците на самитот им се обрати преку видеолинк.

Тој кажа дека Движењето на неврзаните е „еден од најголемите мултилатерални форуми“ и истакна дека темелните принципи на Движењето, немешањето во внатрешните работи и почитувањето на суверенитетот на државите „важат и денес, а кога би ги прифатиле сите земји денес не би имало проблеми во светот“.

Собирот со видео-порака го поздрави и генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, а лично присуствува претседателот на Генералното собрание на ОН Абдула Шахид, оценувајќи дека самитот се одржува „во време на исклучителни глобални предизвици“ и дека на светот му е неопходно „почитување на човековите права, мирно решавање на судирите и отстранување на разликите во човештвото“.

Собирот нема примарно политичка димензија бидејќи нема да бидат усвојувани или носени некакви одлуки, туку земјите учеснички ќе ја обележат 60-годишнината од првата конференција на Движењето на неврзаните.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе