„На Русија не ѝ е во интерес да се реши косовското прашање“

„Русија има свој интерес да не се реши прашањето на Косово, бидејќи таа повеќе нема да ѝ биде толку привлечна на Србија откако тоа ќе се реши“, изјави за Радио слободна Европа Максим Саморуков, заменикот главен уредник на московскиот Карнеги центар.

Според неговите тврдења, кога станува збор за амбициите на Русија да биде вклучена во дијалогот на Белград и Приштина, „Русија има свој интерес тоа прашање да не се реши, и изјавите на руските функционери за постигнување конечно решение може да се сфатат како двосмислени“.

„Русија, како и во другите конфликти на западниот Балкан, не сака конфликтот меѓу Србија и Косово да се реши. Поддршката на Русија во ова време е клучна за Србија, пред сѐ поради ситуацијата на Косово. На Србија ѝ е потребна Русија на меѓународно ниво и нејзината моќ во Обединетите нации, за да го спречи целосното признавање на Косово. Што се реши конфликот, Русија повеќе нема да ѝ биде толку привлечна на Србија. Но, досега видовме толку проблеми и пречки на патот да се реши овој конфликт, што Русија практично и не мора многу да прави за тоа да го спречи“, кажа Саморуков.

Тој додаде и дека и изјавите кои доаѓаат од руските функционери се двосмислени. Од една страна, Русија вели дека е спремна да го поддржи секое решение кое е прифатливо за Србија, но од друга страна вели дека тоа решение би требало да биде базирано врз Резолуцијата 1244 на ОН, која оневозможува независност на Косово. И токму со таа двосмисленост Русија сака да ѝ покаже на Србија дека Кремљ, всушност, не одобрува Србија да го признае Косово.

„Но секако не би кажал дека Русија е главната пречка за решавање на овој конфликт. има тука многу пречки на локално ниво и долг е патот до конечниот договор, така што Русија може да одмори, бидејќи конечно решение нема на видикот“, кажа Саморуков.

Тој истакна дека западнот Балкан не е приоритет за Русија и дека таа не е спремна во регионот да вложи многу пари или труд, но и дека не го сака Западот на Балканот.

„Геополитичкиот хаос во кој регионот во моментов се наоѓа е идеален за Русија. Тоа не значи ни целосна стабилизација, ни потполна дестабилизација, туку нешто помеѓу. Русија не сака да се решат замрзнатите конфликти на Балканот бидејќи токму тие го држат Балканот подалеку од ЕУ и НАТО, но Русија не сака ни тие конфликти да станат активни, бидејќи и таа има своја црвена линија“, заклучи Саморуков.

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе