„Франција се врати во игра“

На повидок ривалство меѓу Макрон и Меркел за лидерството во Европа

Медиумите во Швајцарија оценуваат дека Макрон би можел да ја замени германската канцеларка, која не би се противела на тоа, бидејќи се подготвува за парламентарните избори и не сака само Германија да ги „држи уздите на Европа“.

Зад насмевките околу обновената динамика во француско-германските односи и Европа, на повидок е ривалство меѓу Емануел Макрон и Ангела Меркел за лидерството во Европа, оцени вчера новинската агенција Франс прес.

„Дипломатскиот државен удар“ што оваа недела го организираше новиот француски претседател поканувајќи го претседателот на САД, Доналд Трамп, на државен празник, како и неодамнешната посета на рускиот претседател Владимир Путин во Франција, е пример за прераспределба на улогата на лидерството во Европа.

„Франција се враќа во игра“, оцени претседателот на Фондацијата Шуман специјализирана за европски прашања, Жан-Доминик Џулијани.

Германската канцеларка неколку години е доминантна на европската дипломатска сцена. Меркел беше најцитирана во англосаксонските медиуми по одлуката на Британија да се повлече од членството во ЕУ, а потоа и по изборот на Трамп во САД, а во нив таа е претставена како „новиот лидер на слободниот свет“ наспрема растечкиот популизам и авторитаризам.

Самата германска канцеларка не сака да ја гледаат така. Нејзината подоминантна улога во Европа повеќе е резултат на одредена ситуација отколку на некаква нејзина волја за тоа, вели француската агенција.

Поранешниот француски претседател Франсоа Оланд, соочен со економски проблеми во земјата и со зголемената непопуларност, немаше доволно простор да се слушне гласот на Франција во решавањето на некои прашања во Европа.

Велика Британија поради брегзитот сама се оддалечи како можен лидер во Европа, додека Полска е критикувана за авторитаризмот, а Италија и Шпанија се економски ослабени.

Со доаѓањето на Макрон на власт во Франција, улогата на лидерството може да се промени.

Германски дипломатски извори рекле дека се изненадени од доаѓањето на Трамп во Париз. Шпигл оцени дека Макрон со тој гест сакал да му „ласка на Трамп, но и да ја провлече идејата дека е можен лидер во Европа“.

Макрон одлучи да го врати Трамп „во кругот“ за да не биде изолиран, додека Ангела Меркел зазеде цврст став спрема американскиот претседател, кого постојано го критикува за протекционизам или за одлуката на САД да се повлечат од меѓународниот договор за климатските промени.

Медиумите во Швајцарија оценуваат дека Макрон би можел да ја замени германската канцеларка, која не би се противела на тоа, бидејќи се подготвува за парламентарните избори и не сака само Германија да ги „држи уздите на Европа“.

Франс прес заклучува дека „моментот на вистината“ за водечката улога во Европа ќе биде дури по изборите во Германија, закажани за септември.

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе

Во Франција, пред, по и за време на Втората светска војна, пушењето, особено француски марки цигари, било чин на патриотизам. 

повеќе

Не постојат „повисоки интереси" од типот на членството во Европската Унија или НАТО алијансата за кои вреди да се прават потценувачки компромиси.

повеќе