За првпат жена на челото на Европската комисија

На новите шефови на ЕУ им треба потврда од Европскиот парламент

Лидерите на Европската Унија по маратонскиот самит успеаја да се договорат за новите шефови кои треба да ја водат Унијата низ брегзитот и глобалните предизвици кои ги претставуваат Русија, Кина и САД на претседателот Доналд Трамп.

Лидерите на членките на Европската Унија по повеќедневни, мачни преговори и повеќе отфрлени предлози успеаја да се договорат за новите лидери кои ќе ја предводат ЕУ во следниот период, пишуваат светските агенции, укажувајќи дека тешките расправи ги одразија проблемите на политичката фрагментација во Европа. Договорените предлози на номинираните лидерски кандидати треба да добијат потврда од Европскиот парламент во Стразбур.

Европските лидери се согласија Европската комисија да ја води германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лејен, додека на челото на Европскиот совет би требало да биде белгискиот премиер Шарл Мишел. За нов претставник за надворешна и безбедносна политика е предложен шефот на шпанската дипломатија Жозеп Борел, а за претседателка на Европската централна банка сегашната шефица на Меѓународниот монетарен фонд Кристине Лагард.

По повеќе дена и ноќи Европската Унија ги избра своите лидери да ја водат Унијата низ разбранувата нова ера, во која десничарските националисти се обидуваат да ја разбијат одвнатре, додека традиционалните партии се ослабени, пишува Њујорк тајмс.

Именувањата за четирите најважни позиции во ЕУ следеа по исцрпувачкиот процес меѓу 28-те членки на Унијата, откако разговорите не донесоа консензус ни во неделата ни во понеделникот, укажува американскиот весник и додава дека во преговорите за лидерите на клучните институции беа повторени старите поделби: Западот против Истокот, конзервативците против прогресивците.

Борбата за клучните функции ја истакна политичката фрагментација на Европа, каде големите партии ја изгубија силата додека малите зајакнаа, што го отежна постигнувањето консензус, но и што ги одразува поголемите проблеми со кои се соочува ЕУ додека го исцртува својот пат напред, наведува весникот и потсетува дека Унијата во последните години се мачи да дојде до единствена позиција за низа кризи, меѓу кои емиграцијата, климатските промени и подемот на популистите по глобалната финансиска криза.

Договорот следеша по сложениот самит за време на кој германската канцеларка Ангела Меркел беше соочена со бунт во нејзината Европска народна партија, поради обидот да го протурка планот усогласен со францускиот претседател Емануел Макрон, но кој наиде на цврст отпор на Италија, Полска и други држави, истакнува Ројтерс.

Поради тоа мораше да биде отфрлен предлогот социјалистот Франс Тимерманс да биде шеф на Европската комисија, што, според Ројтерс, е очигледен индикатор на опасноста со која се соочува ЕУ од популистите, кои функционерите ги обвинуваат дека се обидуваат да ги ослабат демократските темели на ЕУ додека трае борбата со брегзитот и предизвиците од Русија, Кина, Иран и Америка на Трамп.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе