Светските агенции

На изборите на Косово истиснати поранешните борци на УЧК, новите лидери пред два предизвици

Косовските избори донесоа значителни промени во гласањето на граѓаните по завршувањето на војната, бидејќи за првпат се истиснати поранешните борци на УЧК кои беа на власт 20 години.

Њујорк тајмс наведува дека, откако пред две децении заврши војната со Србија, косовски доминантни политички личности досега беа луѓе кои се истакнаа како борци и ја задржаа власта, иако не успеаја да обезбедат траен мир и да завладеат со економијата која се распаѓа.

„Меѓутоа, на парламентарните избори во неделата, нова генерација политичари им го даде првиот сериозен предизвик. Опозициските партии ја добија власта, а изгледа дека владејачката партија решително е победена на гласачките места, според проекциите на косовската изборна комисија“, пишува американскиот весник.

Според прелиминарните резултати со  95,88 отсто преброени гласови објавени денес, на предвремените парламентарни избори на Косово Самоопределување на Аљбин Курти е победник со само 0,74 отсо гласови повеќе од Демократскиот сојуз на Косово. Самоопределување доби 197.966 гласови, односно 25,74 отсто додека Демократскиот сојуз на Косово 192.300 или 25,05, јавува Асошиејтед прес.

Агенцијата укажува дека опозицијата ги надвладеала поранешните милитанти кои владееја со земјата завршувањето на војната пред 20 години.

Како што наведува АП, вчерашните избори завршија со повик до лидерите да го продолжат дијалогот со Србија околу нормализацијата на врските, кои беа блокирани откако претходната влада воведе царини од 100 отсто на српската стока.

Лидерот на Самоопределување Курти сега треба да формира владејачка коалиција, наведува американската агенција, додавајќи дека тој не кажал како планира да го реши прашањето со преговорите со Србија.

Франс прес наведува дека гласачите означија промена на Косово и ја ставија опозицијата на чело, нанесувајќи им тежок пораз на поранешните герилски команданти по две децении на власт.

АФП наведува дека новите лидери на Косово ќе бидат соочени со двоен предизвик, да не го разочараат населението, но и да одговорат на барањата на Западот, кој очекува решавање на судирот со Србија, што е еден од главните извори на нестабилност во Европа.

Дури и пред изборите Американците и Европејците ги повикаа идните лидери на Косово итно да ги продолжат преговорите со Србија, кои веќе со месеци се на мртва точка. Франс прес потсетува дека Белград одбива да ги продолжи преговорите, додека е на сила царината од 100 отсто која на српската стока ја воведе претходниот премиер Рамуш Харадинај.

Аљбин Курти уште синоќа изрази спремност да води дијалог.

Една од најчувствителните теми ќе биде институционалната организација на секторот каде живеат околу 120.000 косовски Срби кои референдумски им го дадоа гласот на кандидатите на Српска листа, „продолжената рака“ на владејачката партија во Белград.

Француската агенција укажува дека претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа дека е спремен да разговара со Курти кој долго време заговараше отфрлање на Белград.

Би-би-си пишува дека поранешните лидери на УЧК „ги лекуваат изборните рани“ и дека гласачите во голема мера ги сметаат тие партии за одговорни за ендемската корупција и недостигот од развој.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе